Албанците од Косово и југот на Србија трети по број на поднесени барања за азил

Женева, 31 март 2015 (МИА) - Според податоци на УНХЦР, вкупно 55.700 Албанци од Косово и од југот на Србија поднеле лани барање за азил, а Германија е прва на листата за „прием“, изјави Вилијам Спајндлер од УНХЦР.

Минатата година бројот на барања за азил во 44 најразвиени држави во светот е зголемен за 45 отсто - најголемо ниво во изминатите 22 години.

- Најмногу пораснал бројот на баратели од Сирија - 150.000, на второ место се азиланти од Ирак и Авганистан - околу 68.700. Албанците од Косово и од југот на Србија се на трето место, изјави тој.

Следуваат азиланти од Еритреја чиј број е двојно поголем отколку во 2013 година - 48.400 барања за азил. Во Германија поднеле барања за азил 173.000 луѓе, а следуваат САД со 121.300 додека Турција е на трето место со 87.800 барања за азил, воглавно од Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...