Букурешт, 31 март 2015 (МИА) - Командантот на силите на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав денеска во Букурешт изјави дека набрзо ќе биде донесена одлука дали во Романија ќе биде распоредено тешко вооружување на Алијансата.
Бридлав на заедничката прес-конференција со романскиот министер за одбреана Мирча Душа дека е сигурен оти Романија набрзо ќе одговори на барањето на Северноатлантската алијанса за распоредување на тешко вооружување на нејзина територија.
- Романија секогаш била надежен партнер на НАТО, посочи Бридлав.
Душа потенцира дека се водат „дискусии на техничко ниво“ за рапсоредување на тешко вооружување на Алинасакта во Романија.