Пред новите власти во БиХ претстои сериозна работа

Сараево,1април 2015 (МИА) - Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко, го поздрави договорот меѓу политичките партии за формирање нови влади на државно и федерално ниво, истакнувајќи дека сега е време за сериозна работа.

Тој изрази жалење што повеќе од пет месеци беа загубени на разговори за поделба на позициите и нагласи дека сега не е време за „самобендисаност“ туку за сериозна работа, пренесе агенцијата Фена.

-Граѓаните очекуваат од владите да го надоместат загубеното време и да почнат да ги решаваат сериозните предизвици со кои земјата и нејзините граѓани се соочуваат, посебно во областа на вработувањето, владеењето на правото, борбата против корупцијата и напредокот на патот кон евроатланските интеграции, наведе Инцко, а соопшти неговата канцеларија.

Високиот претставник укажа дека сега, кога коалициските партнери се договорија за поделба на ресорите, крајно време е да се почне со вистинска работа, а тоа е служење на граѓаните.

-Доколку политичките партии бидат искрени во ветувањата дадени до граѓаните, досегашниот начин на водење на политиката во  БиХ мора радикално да се промени, а потребата на граѓаните за подобар живот мора да се стави пред интересите на политичките партии и политичарите, истакна Инцко.

Завршувањето на процесот на формирање власт во БиХ го поздрави и хрватскиот европратеник и потпретседател на Одборот на ЕП за надворешни работи Андреј Пленковиќ.

-Добро е што конечно се формира власта во БиХ, бидејќи тоа беше и своевиден апел од ЕУ по октомвриските избори, изјави тој за „Аваз“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...