Усвоен закон за задолжително вакцинирање на децата во СрбијаБелград, 17 април 2015 (МИА) - Српскиот Парламент усвои закон со кој се предвидува задолжително вакцинирање на сите деца во земјата, за што нема да биде потребна согласност од нивните родители или старатели.
Како што јавија српските медиуми, во Законот вакцинацијата е дефинирана како превентивна мерка за заштита од заразни болести.
Таа ќе се извршува од лекар по преглед на лицето кое треба да биде вакцинирано. Лекарот има задача да води календар на извршените имунизации, се наведува во Законот.
|