„Њусвик“: Недостигот од гориво ги прави грчките воени сили немоќни кон Турција

Њујорк, 17 април 2015 (МИА) - Недостигот од гориво, резервни делови и соодвена опрема ги прави грчките воени бродови и авиони немоќни и беспомошни пред Турција и нејзината армија во случај на турска агресија, пишува американскиот неделник „Њусвик“.

Според овој весник, тоа практично значи дека Грција, поради своите големи финансиски проблеми кои ги „оскатуваат“ нејзините армиски сили, повеќе не може да се спротивставува на една потенцијална агресија од страна на Турција.

Грчкиот воен експерт Костас Комопулос изјави за неделникот дека токму Турција е причината зашто Грција мора да има бројни воени сили, но во сегашната грчка ситуација, турската страна го чувствува поместувањето во баланост на силите, па забрзано ги активираат своите воени активности над Егејот, во обид целосно да ја истрошат (материјално) грчките армија.

Секоја година, во Атина се бележат „стотици упади“ на турската морнарица и авијација врз грчката територија, на што редовно реагираат воените авиони и бродови за да ги вратат Турците назад, во својот воздушен и поморски прстор.

Во март оваа година, само во десет денови немало упад на турските воени сили врз грчката територија. Во само еден ден, на 20 март дури 12 турски борбени авиони 36 пати навлегувале во воздушниот простор на Грција.

Оваа балканска земја која од 1952 година е членка на НАТО (заедно со Турција) годишно издвојува по четири милијарди евра за воениот буџет или 2,5 отсто од Бруто националниот производ на земјата. Тоа е повеќе од многу други земји во НАТО и ЕУ и е двојно повеќе од сегашните издвојувања на Велика Британија.

Воениот експерт Комопулос, на кој се повикува американскиот неделник, забележува дека атинската влада со својата политика го „отапува моралот“ на армиските сили, но во моментот поголем е проблемот за да се обезбеди гориво.

Тој смета дека Турција го знае тоа, па затоа ги прави сите овие упади, очекувајќи грчките сили да реагираат, но без доволно гориво и без опрема, Грција не може да се избори со својот сосед и сојузник во НАТО.

Независни воени експерти навестуваат дека Грција во сегашните кризни времиња ќе се определи за намалување на бројот на грчките воени сили, но оценуваат дека не би било „умесно и рационално“ да се ослободи од војската обучен персонал, во услови кога Грција има невработеност меѓу младите од безмалку 50 отсто. ти/ссм/13:30

###

 

 



„Економист“: Балканци учествуват во војните во Украина и Сирија

Лондон, 17 април 2015 (МИА) - Држвајани на земјите од западен Блакан се вклучени во воените конфликти на потегот од Азовското Море, па до Алепо, што предизвикува загриженост кај нивните влади, кои дури донесоа закони со кои учеството во војни во други држави го прогласија за кривично дело, објави лондонскиот весник „Економист“. 

Магазинот тврди дека Срби им се приклучиле на проруските сили во Украина, Хрвати се борат на страна на украинските владини сили, додека повеќемина балкански муслимани војуваат во Ирак и Сирија во редовите на исламистичките групи.

- За Хрватите и Србите украинската војна е реприза на нивните судири од 90-те години на минатиот век, авантура или крстоносен поход, наведува „Економист“. 

Според весникот, верувајќи дека водат крстноносна борба, Срби се приклучуваат на мали ултранационалистички групи во Украина кои ја презираат својата Влада, ја мразат ЕУ и се противат на членство на нивната земја во НАТО. 

- Исти се и Хрватите во украинскиот баталјон „Азов“, озлогласена единица позната по нацистичките симболи, која привлче доброволци од цела Европа, додава „Економист“.

Според полскиот истражувач Каспер Рекавек, на секоја страна во украинскиот конфликт се борат по околу 300 странски државјани, меѓу нив и стотина Срби и околу 25 Хрвати. сп/14:38

###



Германците не веруваат во Ципрас

Берлин, 17 април 2015 (МИА) - Лондонскиот тинк-тенк „Отворена Европа“ денеска пренесува вест на германската информативна агенција ДПА, според која, огромно мнозинство Германци не веруваат дека Владата на СИРИЗА може да ги спроведе бараните реформи во Грција, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според анкетата, која се уште не е официјални објавена во јавноста, три четвртини или 75 отсто од Германците сметаат дека Владата на грчкиот премиер Алексис Ципрас не може да ги спроведе реформите. Наспроти нив 19 проценти сметаат дека Ципрас може да ги исполни барањата на кредиторите, а 5 отсто немаат став за ова прашање.

Иако на Германците им е јасно дека банкротот на Грција ќе предизвика сериозни проблеми и за ЕУ и Германија, резултатите од анкетата би можеле да извршат дополнителен притисок врз германската канцеларка Ангела Меркел, која и во редовите на својата партија се соочува со пратеници кои сметаат дека финансиската помош за Грција е „буре без дно“.

Дел од нив сметаат дека е подобро Грција да прогласи банкрот, да воведе нова валута и со подобрена конкурентност на своите прозиводи и туризмот да излезе од кризата.

Информациите за недовербата на Германците во потенцијалот на Владата во Атина излегуваат во исто време со соопштенијата на Меѓународниот монетерен фонд, Европската комисија и Еврозоната кои искажаа незадоволство од однесувањето на Владата на Ципрас, барајќи Грција да ги забрза реформите и да постигне договор со своите кредитори. гм/сп/14:50

###



Русија ги разгледува можностите за приклучување на Грција кон „Турски поток“

Москва, 17 април 2015 (МИА) - Руското Министерство за енергетика заедно со Грција продолжува да ги разгледува  можностите за нејзино приклучување кон гасоводот „Турски поток“, изјави денеска рускиот ресорен министер Александар Новак.

- Во контакт сме со грчките власти. Вчера разговарав со грчкиот министер, истакна Новак, кој одби да коментира дали се работи на евентуално склучување на соодветен договор со Грција за „Турски поток“.

Тој, како што јави ТАСС, не одговори ниту на прашањето дали следната недела ќе отпатува во посета на Атина. гт/сп/15:29

###



Усвоен закон за задолжително вакцинирање на децата во Србија

Белград, 17 април 2015 (МИА) - Српскиот Парламент усвои закон со кој се предвидува задолжително вакцинирање на сите деца во земјата, за што нема да биде потребна согласност од нивните родители или старатели.

Како што јавија српските медиуми, во Законот вакцинацијата е дефинирана како превентивна мерка за заштита од заразни болести.

Таа ќе се извршува од лекар по преглед на лицето кое треба да биде вакцинирано. Лекарот има задача да води календар на извршените имунизации, се наведува во Законот. гт/сп/15:32

###



Турскиот премиер го осуди расизмот во Европа

Анкара, 17 април 2015 (МИА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу остро ја осуди резолуцијата на Европскиот парламент, која од неговата земја бара да го признае „ерменскиот геноцид“ во 1915 година, додавајќи дека таа симболизира зголемување на „расизмот“ во Европа.

- Ако сака да придонесе за мир, ЕП не треба да носи одлуки кои поттикнуваат на омраза кон некоја религија или етничка група, истакна Давутоглу.

Според него, ова прашање ги надминува турско-ерменското односи. - Ова е нов знак на расизам во Европа, додаде Давутоглу.

Шефот на турската Влада го осуди присуството на националистички пратеници и пратеници од екстремната десница во Европарламентот.

- Сите маргинални групи успеаја да имаат места во ЕП, изрази жалење Давутоглу. гт/сп/16:02

###



Лажна дојава за поставена бомба во авионот на „Туркиш Ерлајнс“ (ДПЛ)

Истанбул, 17 април 2015 (МИА) - Во авионот на „Туркиш Ерлајнс“, на летот за швајцарскиот град Базел, не е пронајдена експлозивна направа, откако претходно денеска му беше наредено да се врати во Истанбул, поради закана од бомба, соопшти турската авиокомпанија.

Тревогата е сигнализирана кога во тоалетите на авионот „Боинг 737“, во моментот додека ја прелетувал Бугарија, била откриена порака на која пишувало „има бомба“.

- Веднаш по враќањето на аеродромот Ататурк во Истанбул авионот е евакуиран, прегледан од страна на деминерските служби и заклучено е дека станува збор за лажна тревога, изјави портпаролот на „Туркиш Ерлајнс“, Али Генц.

Ова е уште еден во серијата инциденти со бомбашки закани во авиони на Туркиш Ерлајнс во последните месеци. гт/сп/17:00

###



Тачи: Моето одење во Белгред е израз на добра волја за помирување

Приштина, 17 април 2015 (МИА) - Шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи изјави дека неговата намера да отпатува во Белград за да учествува на конференција на евроинтеграцијата на балканските земји, претставува „израз на добра волја за мир, соработка и помирување меѓу Косово и Србија“.

Во интервју за порталот gazetaexpress.com, Тачи нагласи дека помирувањето меѓу Приштина и Белград е во интерес на целиот регион.

Осврнувајќи се на изјавите од Белград дека доколку допатува во српскиот главен град може да биде уапсен, Тачи нагласи дека обвинувањата против него за тероризам потекнуваат од крајот на 90-те години на минатиот век, време кое е „црн период како за Србија, така и за регионот“. 

- Сега во Белград има нови лидери и она што го гледам на средбите во Брисел е надеж и волја за европска интеграција. Мојата желба и порака за лидерите во Србија е да работиме заедно за изградба на мирен регион на соработка и добрососедски односи за сигурна евроатланска иднина, вели Тачи во интевјуто.

Организаторот на конференцијата „Европските интеграции на западниот Блакан: Заедно можеме подобро“ што ќе се одржи во Белград од 23 до 25 април, невладината организација Младински одбор за образование, вчера соопшти дека Тачи го потврдил учеството на собирот.

Претходно, советник на Тачи, Ардијан Арифај изјави дека косовскиот министер за надворешни работи се надева дека ќе отпатува во Белград. - Тачи доби покана и е подготвен да замине. Сега од властите во Белград зависи дали ќе отиде или не, рече Арифај.

Меѓутоа, српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ изјави дека потерницата издадена по Хашим Тачи е се уште во сила во Србија, па од тие причини тој може да биде уапсен доколку дојде во земјата.

- Истрагата против Тачи е во прекин бидејќи е недостапен за српските истражни органи. Централата на Интерпол го стопираше важењето на потерницата по Тачи во другите земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Меѓутоа, во Србија таа е во сила, така што ако дојде овде ние можеме да го уапсиме, изјави Вукчевиќ за весникот „Блиц“.

Со слична изјава се огласи и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кој рече дека ако Тачи дојде во Белград ќе биде уапсен.

Во врска со најавите дека шефот на косовската дипломатија ќе допатува на конференцијата за евроинтеграции, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Тачи „нема потреба да доаѓа“ во Белград.

- Тој собир не го организира Владата на Србија. Јас не ни планирав да учествувам на собирот, така што не верувам дека е потребно Хашим Тачи да доаѓа во Белград, изјави Дачиќ. сп/18:35

###



Средба на премиерите на шест земји од Западен Балкан во Брисел

Брисел, 17 април 2015 (МИА) - Премиерите на шест земји од Западен Балкан ќе се сретнат во вторник во Брисел со цел да го разгледаат интегрирањето на копнениот, речниот и воздушниот сообраќај во регионот во заедничката европска мрежа, со што ќе се отстрани „сивата зона“ на транспортната карта на Европа.

Домаќини на средбата ќе бидат еврокомесарот за регионална политика и евроинтеграција Јоханес Хан и еврокомесарот за транспорт Виолета Булц.

Кабинетот на Хан соопшти дека на средбата, на која ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово, ќе бидат претставени првите конкретни предлози за проекти.

Косовскиот премиер Иса Мустафа ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Хашим Тачи, кој по средбата на т.н. „Западнобалканска шесторка“ ќе учествува во новиот круг од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. гт/сп/20:00

###



Австрија, Словенија и Хрватска за продолжување на проширувањето на ЕУ

Љубљана, 17 април 2015 (МИА) - Претседателите на Словенија, Австрија и Хрватска, Борут Пахор, Хајнц Фишер и Колинда Грабар-Китаровиќ на денешната неформална средба во словенечкото место Логарска Долина се заложија за продолжување на процесот на проширување на ЕУ.

Како што јави Хрватската телевизија (ХТВ), главни теми на трилатералната средба биле регионалната соработка, заедничката европска иднина и меѓународните предизвици.

На заедничката-прес конференција по средбата, Пахор нагласи дека Брисел треба да го забрза процесот на проширување на ЕУ и на него не треба да се гледа како на технички проблем, туку да му се посвети поголемо политичко внимание.

Хравтската преседателка исто така се заложи за продолжување на процесот на проширување на ЕУ, но нагалси дека кандидатите за членство ќе треба да ги исполнат сите критериуми пред да бидат примени во Унијата.

Тројцата шефови на држави најавија и дека во јуни во Црна Гора ќе биде организирана средба на лидерите на земјите од западниот Балкан, на која се поканети и австрискиот претседател Фишер и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск. сп/19:42

###

 



Грција и Русија ќе склучат енергетски договор вреден пет милијарди евра

Берлин, 18 април 2015 (МИА) - Грција во втроник планира да потпише енергетски договор со Русија, а во замена Москва ќе и исплати аванс на Атина во вредност од три до пет милијарди евра во рамки на проектот за изградба на дел од гасоводот „Турски Поток“ низ грчка територија, објави интерент изданието на германскиот магазин „Шпигел“.

- Договорот ќе и овоможи на Грција да се справи со сложената состојба во која западна поради одолговлекувањето на преговорите со ЕУ за реструктуирање на нејзиниот државен долг, изјавил за „Шпигел“ неименуван претставник на грчката владејачка Коалиција на радикланата левица (Сириза).

Според наводите на весникот, средствата што ќе и ги исплати Русија на Грција ќе бидат авансен дел од идните приходи на Грција од транзитот на руски газ низ нејзина територија на патот кон средна Европа.

Грачкиот министер за енергетика Панајотис Лафазанис, која на 30 март во Москва имаше средби со неговиот руски колега Александар Новак и со директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, пред три дена соопшти дека за следната недела е предвидено потпшување на договор меѓу Грција и Русија за изградба на гасовод низ грчка територија територијата, со кој „Турски Поток“ ќе се поврзе со средна Европа, потсетува ТАСС. сп/08:09

###



САД: Неуспехот на преговорите за грчкиот долг ќе ја загрози глобалната еконмија

Вашингтон, 18 април 2015 (МИА) - Евентуален неуспех на преговрите меѓу Грција и меѓународните кредитори би можел да предизвика нестабилност и загрозување на економијата не само во ЕУ, туку и во целиот свет, изјави синоќа американскиот министер за финансии Џејкоб Лју.

- Доколку не биде постигнат договор, ќе бидат предизвикани непосредни проблеми за Грција, но тоа ќе доведе и до нестаблиност во Европа и во светската економија во целина, порача Лју во Вашингтон по средбата со холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогрупата, Јерум Дејсеслблум.  

Како што јавија западните медими, на средбата Лју го охрабрил Дејселблум да продолжи со неговиот ангажман за постигнување на „конструктивен резултат“.

Грција преговара со меѓународните кредитори за исплата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, по што планира да почне разговори за преструктуирање на нејзиниот државен долг.

Кредиторите бараат до Атина во замена за исплатата на последната транша, да презентира детална програма на рефоми што планира да ги спроведе. сп/09:08

###



Рама: Обединувањето на Албанија и Косово е неизбежно

Тирана, 17 април 2015 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама синоќа го повтори својот став за обединување на Албанија и Косово, кој претходно предизвика реакции на Белград, но и на меѓународната заедница.

- Реков дека обединувањето е нешто неизбежно и неспорно и тоа ќе се случи на патот кон Европа, изјави Рама во интервју за телевизијата Скај Њуз Арабија. 

Рама и овој пат повтори дека ако обединувањето на Албанија и Косово не се случи во рамките не ЕУ, тогаш тоа може да се случи на друг начин.

- Другиот начин е можен доколку Европа не се вмеша во стратешките калкулации на балканските држави и во промена на изгледот на Блакнот, јрече Рама. 

Како што јави Танјуг, слична изјава за обединување на Албанија и Косово Рама даде и при неодманешното заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за телевизијата Клан Косова.

Рама тогаш рече дека Албанија и Косово ќе се обединат на „класичен начин“, доколку ЕУ не го отвори патот за евроинтеграција на Приштина и за визна либерализација.

- Обединувањето на Албанија и Косово има две алтернативи и се зависи од пристапот на ЕУ, рече Рама за Клан Косова.

Властите во Белград жестоко реагираа на ваквата изјава, а српскиот премиер Александар Вучиќ тогаш им порача дека  Рама и Тачи дека „нема да го исполнат сонот за обединување на Албанија и Косово, без разлика кој и да ги поддржува во тоа“. сп/11:09

###



Грција се надева на договор со кредиторите до крајот на април

Атина, 18 април 2015 (МИА) - Грчката Влада изразува оптимизам дека до крајот на овој месец ќе постигне договор со кредиторите за условите за исплата на последната транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра, јави ДПА.

Попладнево во Париз грчки владини претставници ќе се сретнат со делегација на кредиторите - ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монтарен фонд во обид за постигнување договор во пресрет на средбата на министрите за финансии на еврозоната, закажана за 24 април во Рига.

Првично денешната средба беше најавена за во Брисел, но како што соопшти претставник на Европската комисија, таа е префрлена во Париз поради „логистички причини“.

Според германската агнеција, во Атина преовладува оптимизам дека сепак ќе биде постигнат задоволителен договор.

- Европа научи да преживува со несогласувања и да се движи напред, изјави за ДПА висок претставник на Владата во Атина, кој побарал анонимност.

Но, од друга страна германскиот министер за финансии Волганг Шојбле од Вашингтон порача дека не треба да се има големи очекувања за напредок во преговорите.

-  Нема ништо ново. Не сум ни сигурен дека ќе имаме нешто ново до средбата следната недела во Рига, рече Шојбле.

На денешната средба во Париз, Грција и нејзините кредитори ќе ја разгледаат листата на реформи што Атина треба да ги спроведе за да и биде исплатена последната транша од помошта.

Според извори во Европската комисија, средбата во Париз би можела да трае и „повеќе од еден ден“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...