Собранието на Република Српска го оспори Дејтонскиот договор

Бања Лука, 18 април 2015 (МИА) - Народното собрание на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина усвои Декларација во која се истакнува дека нема да тоа признае никаква одлука на Уставниот суд на БиХ, со која би бил укинат „Денот на Република Српска“ - 9 јануари.

Како што јави ХИНА, во Декларацијата се наведува дека секое можно оспорување на одредени одредби од Законот за празници во Република Српска пред Уставниот суд на БиХ, би претставувало „политички потег на негирање на Репоблика Српска и на дејтонскиот уставно-правен поредок на Босна и Херцеговина“.

Иницијативата за преиспитување на Законот за празниците во српскиот ентитет го покрена членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, со образложение дека тој бил донесен само од страна на пратениците Срби, без поддршка од претставниците на Бошњаците и Хрватите. 

На ваквата иницијатива на Изетбеговиќ се спротивставија сите партии на Србите во БиХ.

Собранието на Република Српска ја усвои ваквата Декларација и покрај предупредувањата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко и на американската амбасадорка во Сараево, Морин Кормак, дека со нејзиниата содржна се оспоруваат Дејтонскиот мировен договр, со кој во 1995 година беше ставен крај на војната во земјата, како и принципите на правната држава.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Сараево, Џонатан Мур пак истакна дека сите ниво на власта во БиХ мора да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд, доколку сакаат земјата да се приклучи кон Европската унија.

- Одлуките на судовите на сите нивоа, на Уставниот суд, Судот на БиХ и на кантоналните и општинските судови, мора да се почитуваат. Голем проблем во БиХ е тоа што (судските) одллуки често не се почитуваат, оцени Мур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...