Во Сирија убиен уште еден Албанец -џихадист

Тирана, 18 април 2015 (МИА) - Еден албански државјанин е убиен а друг тешко ранет на боиштата во Сирија, како припадници на ИД.

Двајцата, на триесет годишна возраст, неколку години биле емигранти во Италија и за Блискиот Исток заминале од италијанскиот град Спезиа, јави дописникот на МИА од Тирана.

Нивниот идентитет не се наведува, но италијанските бебедносни служби водат истрага за да ја расветлат „италијанската“ историја на двајцата емигранти. Италијанските медиуми наведуваат дека секторот за антитероризам во Италија го истражува периодот во кој тие престојувале во Италија, со кого се дружеле, кој ги регрутирал и испратил за Сирија.

Спред албанските медиуми, откако стигнале во Сирија, по куса обука во еден камп биле вклучени непосредно во борбените редови.

На боиштата во Сирија и Ирак неофицијално се тврди дека се борат над 150 албански државјани, а до сега нивни роднини ја потврдиле смртта на петнаесет. Бројката пак на убиени Албанци од Балканот се искачи на шеесеттина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...