Вучиќ: Разговорите со Рама и Мустафа ќе бидат тешкиБелград, 18 април 2015 (МИА) - Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека нема намера да ги коментира провокациите од албанските политичари, бидејќи за Србија е важно да биде столб на стабилноста и оти секогаш ќе има рационален и одговорен пристап.
- Од мене нема да слушнете лоши зборови за нив, херојски изјави за внатрешна употреба, туку рационален пристап, изјави Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека Албанија и Косово ќе се обединат.
Тој додаде дека разговорите со албанскиот претседател Рама и косовскиот премиер Иса Мустафа ќе бидат тешки, но дека нивна работа е да разговараат и да доаѓаат до решенија.
- Наша работа е да градиме патишта и мостови, а не да ги уриваме, и Србија тоа ќе продолжи да го прави, но ќе знае да ја сочува својата земја, територија, национална гордост и достоинство, порача Вучиќ, пренесува Танјуг.
|