Со доаѓањето на Тачи би ја прекршиле државната политика

Белград, 19 април 2015 (МИА) - Кога би дозволиле Хашим Тачи да дојде во Белград во својство на министер за надворешни работи на Косово, би ја прекршиле државната политика кога станува збор за Косово, изјави првиот потпретседател на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

- Овој обид Хашим Тачи да дојде во Белград - тоа не е помирување. Тоа е обид да се проба дали ние смееме да кажеме „ не можеш“. Па не можеш во овој формат, на ваков начин, не можеш да дојдеш во Србија, порача Дачиќ во интервјуто за „Политика“.

Тачи, со уште четворица министри од регионот, е повикан на собир за европските интеграции на Западен Балкан, кој од 23 до 25 април ќе биде одржан во Белград, соопшти претходно организаторот на собирот, невладината организација Младински одбор за образование.

Српските функционери истакнуваат дека евентуалната посета на Тачи не е усогласена со институциите, оти е непотребна и дека доколку дојде, со оглед на се уште активното обвинение против него, ќе биде уапсен.

Дачиќ смета дека намерата на НВА да организира конференција на 24 април во Белград е провокација.

- Ова е една провокација, каде вистинското прашање е зошто воопшто се одрганизира еден таков собир. Апсолутно никој не ме консултираше околу тоа и морам да кажам дека повикот за настанот во Белград мене ми стаса од Приштина, додаде Дачиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...