Тројца загинати при насукување на брод со имигранти кај Родос

Атина, 20 април 2015 (МИА) - Најмалку три лица загинаа денеска кога брод што превезувал илегални имигранти се насука во близина на грчкиот остров Родос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за време на спасувачка операција пронајдени се телата на маж, жена и дете, кои паднале во морето и се удавиле.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека при операцијата досега се спасени 83 луѓе, од кои 23 се пренесени во болница, а останатите се приведени во локалната полициска станица.

Акција за потрга по уште евентуално преживеани имигранти продолжува.

Според грчките медиум, останува нејасно колку вкупно имигранти имало на бродот, а засега не е позната ни нивната националност.

Годишно десетици илјади илегални имигранти сакајќи да влезат во ЕУ, се обидуваат од Турција преку водите на Егејското Море да стигнат до Грција или некои од грчките острови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...