САД загрижени за новиот грчки закон

Вашингтон, 21 април 2015 (МИА) - САД изразија загриженост поради најавите за нов грчки закон со кој пред истекот на казната на слобода може да биде Савас Ксирос, член на анархистичката група 17. Ноември, одговорен за убиство на 23 луѓе меѓу кои и Американци.

Пред распадот во 2002 година таа група беше една од најсилните крајно левичарски организации. Беше активна 27 години и презеде одговорност за убиство на шефот на канцеларијата на ЦИА во Атина, Ричард Велч во 1975 година.

- Многу сме загрижени бидејќи тие што извршија тероризам кои се во затвор, мора и таму да останат, изјави Џон Кери, американски државен секретар на состанок со својот грчки колега Никос Коцијас во Стејт департментот.

Грчката Влада за тој закон со кој сите затвореници со нарушена здравствена состојба казната ќе може да ја издржат во домашен притвор, ќе гласа в понеделник.

Со тоа и Ксирос кој правел бомби за 17.Ноември може да се најде на слобода поради влошена здравствена состојба. Ксирос (53) беше тешко ранет во 2002 година при неуспешен бомбашки напад кога беше и уапсен. Боледува и од мултиплекс склероза.

- Ако Ксирос или кој било друг со крв на рацете од американски дипломати излезе од затвор, тоа ќе биде длабоко непријателски акт, изјави американскиот амбасадор во Грција, Дејвид Пирс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...