Градоначалниците од регионот се залагаат за соработка на проекти и редовни средби

Белград, 23 април 2015 (МИА) -  Градоначалниците кои учествуваат на Самитот на градоначалници на главните градови на земјите од Централна и Југоисточна Европа во Белград денеска ја истакнаа неопходноста од меѓусобна соработка и реализација на заедничките инфраструктурни, економски, културни и останати проекти.

Во заедничкото обраќање, што го пренесува Танјуг, тие, истовремено, му се заблагодарија на градоначалникот на Белград, Синиша Мали, на организацијата на собирот,  на што Мали ги  изрази очекувањата дека следното такво собирање ќе се оддржи во Загреб веќе следната година, како и тоа оваа средба да стане традиционална манифестација.

- Што повеќе соработуваме и меѓусебно и во целиот регион, тоа само не прави посилни и на глобално ниво, рече  Мали.

Одговарајќи на прашањата на новинарите тој повтори дека потпишувањето на договорот за „Белград на вода“ ќе се случи во недела,  а притоа потврди дека интересенти за учество во проектот има и од градовите во регионот. Меѓутоа, додаде, имињата денеска не сака да ги открие, иако наведе дека станува збор за интерес во две области - дизајн и архитектура, како и за „софт елементи“, односно, енергетска безбедност, паметни згради, енергетска ефикасност, безбедност на објектите...

Првиот човек на Скопје, Коце Трајановски, зборувал за успесите на градот во последните пет години истакнувајќи дека се проширени булеварите, дека се купени 90 отсто нови автобуси, како и дека е драстично намален бројот на автомобили „бидејќи граѓаните го користат јавниот превоз“.

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, повтори дека со самото доаѓање на Белградскиот аеродром и во самиот град забележал колку српската престолнина е почиста, колку се покажува во ново светло.

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, укажа дека неговиот град го доби признанието „Зелена престолнина на Европа“ и дека е наброен во топ туристичките дестинации.

Сараевскиот градоначалник Иво Комшиќ кажа дека главните градови се „мотори на развојот“  за секоја земја и лидери во инвестициите, културните манифестации, поврзувањето...

Градоначалниците изразија желба ваквите собири да станат редовни, но и потребата за економски и останати видови соработка, разменувајќи си симболични подароци, па така градоначалникот на Белград од скопскиот колега доби макета на мостот на  Вардар, а од првиот човек на Сараево шише вино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...