Османлиската империја никогаш не извршила геноцид

Истанбул, 23 април 2015 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Османлиската империја никогаш не извршила геноцид, пренесоа американските медиуми.

Ердоган изјавата ја даде во предвечерието на одбележувањето на стогодишнината од геноцидот, што според Ерменија е извршен во оваа земја предвесничка на современа Турција.

Во својот говор што го оддржа на „Самитот на мирот“ во Турција Ердоган, исто така, ги обвини европските земји за безидејност во однос на бегалците и дека сакаат мигрантите да се дават во море. 

Меѓу странските државници кои присуствуваа на денешниот настан, што се оддржа по повод стогодишнината од битката кај Галиполи во текот на Првата светска војна, беа британскиот принц Чарлс и премиерите на Австралија и Нов Зеланд.

-Ерменските тврдења за настаните од 1915 година се без основа, рече Ердоган.

Според оценки на историчарите, осмалиските Турци убиле околу 1,5 милион Ерменци, што претставува настан кој многумина го сметаат за првиот геноцид во 20-от век.

Турција постојано негира дека во тој период бил извршен геноцид врз Ерменците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...