Приштина,24 април 2015 (МИА) - Германскиот весник “Frankfurter Rundschau”пишува дека потпретседателот на косовската влада, Хашим Тачи, ќе биде новиот претседател на Косово,според договорот меѓу коалиционите партнери Демократскиот сојуз на Косово- Демократска партија на Косово.
Во интервју за германскиот дневен весник,Тачи,најавува дека според договорот тој ќе биде претседател на Косово.
-Според овој договор јас ќе бидам претседател на Косово откако на актуелната претседателка ќе и измине мандатот, изјавил Тачи.
Потоа, како што пишува весникот, Тачи, на меѓународната сцена, ќе го презентира Косово како претседател. Тачи зборувал и за нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија,нагласувајќи дека Србија треба да се откаже од минатото на Милошевиќ и да гледа кон иднината.
Мандатот на актуелната претседателка,Атифете Јахјага и изминува мандатот во јуни 2016 година.