Кипарските Турци избираат лидер во вториот круг од изборите

Никозија, 26 април 2015 (МИА) - Кипарските Турци денеска во вториот круг од претседателските избори во меѓународно непризнатиот турски дел на Кипар избираат меѓу досегашниот претседател Дервиш Ероглу и независниот кандидат и некогашен градоначалник на турскиот дел на Никозија, Мустафа Акинчи. 

Главна задача на новоизбраниот лидер на кипарските Турци ќе биде претставување на тој народ во преговорите за обединување на етнички поделениот остров, кои би требало повторно да бидат покренати во мај. 

Во првиот круг од изборите, одржани минатата недела Ероглу доби еден процент повеќе од гласовите од Акинчи, откако значителен број од гласовите му зеде неговиот прво советник Кудрет Озерсај. 

Аналитичарите сметаат дека Акинчи има шанси за победа, бидејќи во пресрет на вториот круг од изборите ја доби поддршата на левичарската партија, чиј кандидат во првиот круг заврши на трето место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...