Најголемата партија на босанските Срби се заканува со отцепување на РС во 2018.

Сараево, 26 април 2015 (МИА) - Најголемата партија на босанските Срби најави вчера дека ќе бара референдум за независност на Република Српска во 2018 година.

Сојузот на независните социјалдемократи, чиј лидер е претседателот на Република Српска, Милорад Додик усвои резолуција, со која заканата за независност се претвори во официјална политика на партијата. 

Националистот Додик ги обвини државните органи на Босна и Херцеговина дека се обидуваат да ги узурпираат автономните права на РС, гарантирани со Дејтонскиот мировен договор.

- РС не може да прифати натамошно ограничување на нејзините надлежности од страна на државата под маската на реформите, рече Додик по состанокот на партијата. 

Согласно резолуциајта, доколку РС не си ги поврати надлежностите, кои и се гарантирани со Уставот до крајот на 2017 година, нејзиниот Парламентот, во кој партијата на Додик има мнозинство ќе распише референдум за отцепување од Муслиманско-хрватската федерација, другата автономска административна единица на БиХ. 

- Согласно резултатите од референдумот властите на РС ќе и предложат на Федерацијата мирно разделување и взаемно признавање, истакна Додик.

Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ издаде соопштение во кое потенцираше дека според Дејтонскиот договор од 1995 година, двете административни единици на БиХ немаат право на отцепување од заедничката држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...