Огромен пад на бројот на косовски азиланти во Германија

Берлин, 26 Април 2015 (МИА) - Речиси двојно е намален бројот на баратели на азил од Косово во текот на месец април, информира германската федерална канцеларија за миграции и бегалци, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според последните анализи бројот на косовски азиланти во Германија е намален за 94 проценти. За разлика од почетокот на февруари, кога некои денови по 1.500 Kосовци бараа азил сега нивниот број не е поголем од 100 што сеуште претставува голема бројка но е далеку од напливот на азиланти во првите три месеци од годинава.

Според германските власти падот на бројот на азиланти се должи на информираноста на Косовците дека не можат да добијат легален престој по основа на азил во Германија и дека миграцијата не е решение за тешката економска состојба на Косово.

Во март бројот на баратели на азил од Косово достигна до 11.700 апликации и ја постави најмладата европска држава на првото место на земји од каде доаѓаат азиланти. Пред Косово беа дури и зафатените со војна Сирија и Ирак.

Според германските власти причината за егзодусот од најсиромашната европска земја е тешката економска состојба во која невработеноста е 45 отсто од населението.

Процентот на одобрени барања за азил на Косовските и на сите други азиланти не минува над 0,2 проценти што значи дека само двајца од илјада баратели на азил можат да добијат формален статус на бегалци во Германија.

Од почетокот на 2015 година соочена со огромен број на барања за азил од така наречените „безбедни земји“ меѓу кои се и Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, Германија воведе побрзи процедури за одговор на барањата при што рокот за одговор од околу четири месеци се намали на само две недели. По одговорот одбиените азиланти веднаш на трошок на Германија се депортираат во земјите на потекло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...