Неизбежна е потребата од нов Устав

, смета претседателот на турскиот Уставен суд

Анкара, 27 април 2015 (МИА) - Турција има потреба од нов Устав и сите партии вклучени во неговото составување треба да ги обмислат нивните барања и да постигнат консензус, изјави денеска новиот претседател на Уставниот суд Зухту Арслан, цитиран од ТАСС.

- На нивото на економски и политички развој што го достигна нашата земја новиот Устав се покажува како неизбежна потреба, посочи Арслан, обраќајќи се кон членовите на Уставниот суд, кон претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Ахмет Давутоглу. 

Претседателот на Уставниот суд ова го изјави во говорот по  повод 53-годишнината од формирањето на судот, посочува ТАСС.

Арслан, исто така, истакна дека Уставот не е „волшебно стапче“ и за добро да работи неопходни се „ искусни коментатори и извршители“.

Тој ја подвлече важноста од почитување на демократските права и слободи на граѓаните и на задолжителниот принцип на независност на судскиот систем, а истовремено оцени дека без помошта на другите органи на државната власт судскиот систем самостојно нема да реши ниту еден проблем.

Подготовката на новиот Устав е еден од стратегиските проекти на владеачката Партија на правдата и развојот. на ова прашање се работеше повеќе од 1,5 година. Во парламентарната комисија за изработка на проектот за нов Устав беа усогласени повеќе од 60 членови, но работата на комисијата беше прекината заради неможноста за постигнување консензус со опозицијата.

Според одговорни претставници на Партијата на правдата и развојот, по парламентарните избори на 7 јуни партијата има намера активно да ја обнови активноста за изработка на новиот Устав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...