БиХ има проблем со тероризмот

Сараево, 28 април 2015 (МИА) - Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ изјави дека земјата дефинитивно има проблем со тероризмот на кој мора „да се удри“.

- Имаме одредени екстремни радикали, насилна идеологија, на одреден начин присутна е терористичка идеологија, како и одреден број на организации кои ја заговараат. Имаме поединци кои врбуваат, наговараат и финансираат такви случувања, посочи Мектиќ.

Тој посочи дека Советот на министри го анализира вчерашниот напад врз полициската станица во Зворник. Мектиќ додаде дека извршителот на терористичкиот чин не е евидентиран во базите на безбедносните агенции и оти сега се утврдуваат мотивите за злосторството.

Мектиќ потенцира дека напаѓаќот најверојатно бил мотивиран од радикална идеологија.

Во вчерашниот инцидент во полициската станица во Зворник еден полицаец загина, а двајца се повредени. Напаѓачот извикал „Алах е голем“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...