Од БиХ протеран Македонец кој се поврзува со „следбениците на селефизмот“

Сараево, 18 мај 2015 (МИА) - Спроведувајќи засилени оперативни мерки за контрола на движењето и престојот на странци на подрачјето на Босна и Херцеговина, Службата за работа со странци денеска му го откажа престојот и му изрече мерка протерување со забрана  за влез и престој во БиХ на период од три години на лицето С.Б. (1984), државјанин на Република Македонија, кој е прогласен за закана за националната безбедност на БиХ, јави агенцијата Фена.

Македонскиот државјанин, кој се доведува во врска со „радикалните следбеници на селефизмот“ во БиХ, е лоциран на подрачјето на Зеница, па заради обезбедување на извршувањето на мерката протерување и ограничување на движењето за заканата за националната безбендост на БиХ, сместен е под надзор во имиграциски центар.

Тој во БиХ престојувал  врз основа на одобрение за привремен престој врз основа на вонбрачна заедница со државјанка на БиХ, а веднаш по добивањето на податоците за неговите активности што можат да ја нарушат безбедноста на земјата Службата го процесуирала и притоа презела дополнителни мерки за неговото отстранување од БиХ.

Службата за работа со странци и во следниот период ќе продолжи за спроведува засилени контроли на движењето и престојот на странци во БиХ и со своето делување ќе дава полн придонес кон безбедноста на БиХ, соопшти Службата за работа со странците, а пренесува Фена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...