Терористите од Куманово планирале напади и во Косово

Приштина, 20 мај 2015 (МИА) - Косовското Јавно обвинителство сопшти дека почнало истрага против лицата уапсени во вооружената престрелка во Куманово, под сомнеж дека планирале напади и на територијата на Косово, објави онлајн изданието на приштинскиот весник „Експрес“.



Во соопштението на Обвинителството се наведува дека истрагата почнала по претресите што косовската полиција ги спроведе на 15 мај во нивните домови во Косово.

Како што јави дописникото на МИА, Обвинителството наведува дека првите истажни дејствија почнале уште пред случувањата во Куманово, поради „основани сомневање дека некои лица планираат кривични дела во Косово“.

- Државното обвинителство на Република Косово, во врска со овој случај, откако доби барање заедно со докази од косовската полиција, се обрати до надлежниот суд со барање за издавање налог за претрес. Осомничените лица можно е да се вмешани во настаните што се случија во Македонија, стои во соопштението.

Косовското Обвинителство наведува дека истрагата се спроведува врз основа на законот, имајќи го предвид значењето на зачувувањето на јавниот ред и безбедност, како и спречување на какви било кривични дела.

Во соопштениетот исто така се нагласува дека Обвинителството не може да објави други информации во интерес на истрагата, но на јавноста и гарантира дека базирајќи се на надлежностите и законските обврски ќе ги преземе сите неопходни мерки за спречување на секакви незаконски активности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...