Џихадист-Албанец егзекутиран од ИД

Тирана, 20 мај 2015 (МИА) - Џихадистичката група Исламска држава (ИД) деновиве екзекутирала свој член, албански државјанин, бидејќи одбил и натаму да продолжи да се бори на боиштата во Сирија.



Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Ервин Хасанај ,кој заедно со семејството во Сирија заминал во 2013 година.

Според тиранскиот весник „Шекули“, за Сирија го регрутирал и преку аеродромот во Тирана за Истанбул бил испратен од самопрогласениот имам Бујар Хиса од џамијата во селото Мезез, кој една година е во притвор во најобезбедуваниот затвор во Тирана.

- За да биде поубедливо дека оди на семејно патување, со Ервин, сопругата и двете мали ќерки на возраст од две и четири години, биле и братот и мајката на сопругата на Ервин. Сите отпатувале за Истанбул на 11 ноември 2013 година, а по шест дена шурата и тештата на Ервин се вратиле назад во Албанија, наведува „Шекули“.

По езекуцијата на Хасанај, неговото семејство останува и натаму во Сирија, додава весникот.

Информациите, според „Шекули“, се добиени по оперативен пат од страна на албанската тајна служба ШИШ, која потврдува дека официјално Хасанај е 17-тиот загинат албански државјанин од најмалку стотина колку што се на боиштата во Сирија и Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...