Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири и членовите на неговото семејство се ставени под 24-часовно обезбедување поради заканите за атентат, соопшти албанското Министерство за внатрешни работи.
Задолжени за безбедноста на Тахири се припадниците на специјалната единица на полицијата, „Ренеа“.
Министерството додаде дека зајакнатото обезбедување на министерот и неговото семејство ќе се спроведува одреден период, без да изнесе повеќе детали.