Замена на парите ќе прават и други правни субјекти покрај банките

Скопје, 25 јуни 2015 (МИА) - Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе три одлуки поврзани со условите и начинот за снабдување, замена и проверка на автентичноста на книжните и кованите пари.

Со овие одлуки се менува концептот за снабдување со готовина, при што покрај банките, се предвидува и можност за вклучување на други правни субјекти, односно центри за готовина како дополнителна алка во синџирот на дистрибуција и операции со готовина.

- Ваквата измена на регулативата, всушност претставува децентрализирање на досегашниот модел на снабдување со готовина, со што се овозможува и вклучување на небанкарскиот сектор во процесот на снабдување со готовина и поттикнување и создавање конкурентни услови на пазарот за обезбедување готовински услуги, се наведува во соопштението од НБРМ.

Со новата Одлука за проверка на автентичноста, условите и начинот на враќање на книжните и кованите пари во оптек, центрите за готовина добиваат рамноправен третман со банките во сите сегменти од доменот на готовинските операции. 

Со одлуката за начинот и условите за замена на книжните и кованите пари што станале несоодветни за оптек, се пропишуваат критериумите за препознавање и селектирање на книжните и на кованите пари и примена на утврдената постапка за замена на парите кои се идентификувани како несоодветни за оптек.

Советот ја донесе и Програмата за истражувачка активност во периодот 2016-2018 година. Истражувањата предвидени за тригодишниот период, велат од НБРМ, треба да дадат поддршка на процесот на одлучување, да придонесат за поуспешно функционирање на Народната банка и за соочување со идните предизвици, како и да придонесат кон натамошно осовременување на работењето на Народната банка и подготовката за идното учество во Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ).

На денешната седница е усвоена и Одлуката за издавање и Одлуката за пуштање во оптек на кованата пара за колекционерски цели „Владимир’’ од серијата „Ден на Ангел’’. Оваа кована пара е со апоен од 100 денари во количина од 5.000 парчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...