Без лимит за странските туристи во Грција при повлекувањето пари

Атина, 29 јуни 2015 (МИА) - Грчката Влада синоќа порача дека нема да има ограничувања за странските туристи при повлекувањето пари од банките во земјата, пренесува Танјуг.

Истовремено, властите во Атина одлучија дека туристите кои претстојуваат во Грција и сопствениците на кредитни картички издадени во други земји нема да бидат погодени од мерките за контрола на капиталот.

- Секој кој ќе ја посети или планира да ја посети Грција, нема да биде погоден од мерките за контрола на капиталот кои се воведени пред неколку часа и тие нема да се однесуваат на посетителите кои сакаат да извршат трансакции или да повлечат пари со картичка издадена во нивната земја, се потврдува во соопштението од грчката Влада.

Грчкиот Совет за финансиска стабилност синоќа предложи банките во Грција да останат затворени во следните шест работни дена, а од вторник од банкоматите максимално да може да се повлечат по 60 евра дневно.

Премиерот на Грција Алексис Ципрас претходно соопшти дека банките одреден период ќе бидат затворени и ги обвини европските партнери и Европската централна банка дека вршат притисок врз Грција.

Тој најави дека ќе биде спроведена контрола на капиталот, откако Грците, на неговиот ненадеен повик на референдум за барањата на кредиторите за реформи со кои се условува финансиската помош за земјата, одговорија со масовно повлекување пари од сметките. Сепак, тој дополни дека тоа нема да ја поколеба Владата да го спроведе најавениот референдум следната недела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...