Избрана консултантска куќа за изаботка на документацијата за надградба на ГП Табановце и Ќафасан

Скопје, 29 јуни 2015 (МИА) - Царинската управа на Република Македонија избра консултантска фирма која до крајот на годината треба да ја подготви градежно-техничката документација за надградба на објектите на граничните премини Табановце и Ќафасан.

Станува збор за проширување на постојниот терминал за увоз и извоз на стока на граничниот премин Табановце за дополнителни 4.000 м2 и изградба на нови придружни објекти, како и изградба на нов увозно извозен царински терминал од 9.500 м2 на граничниот премин Ќафасан со пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.

За реализиација на овој проект обезбедени се средства од ИПА фондовите во износ од 1,9 милиони евра за  граничниот премин Табановце и 1,5 милиони евра за граничниот премин  Ќафасан.

- Со овие проекти, кои воедно се дел и од програмата на Владата на Република Македонија за 2014-2018 година,  ќе се забрза и олесни стоковата размена, особено на фреквентните гранични премини, а воедно ќе се олесни и забрза транспортот долж пан-европските коридори 8 и 10, наведуваат од Царинската управа.

Во соопштението додаваат дека интензивно се работи на утврдување на можноста за воведување концепт на заеднички контроли со соседните земји на повеќе гранични премини. - Со воведување на заеднички контроли значително ќе се намали времето и трошоците за спроведување на граничните формалности со што ќе се забрза и поедностави протокот на патници, стока и превозни средства. Имајќи ја предвид околноста дека веќе неколку години на граничниот премин Прешево српската Царина нема терминал и работи на отворено, Царинската управа иницираше пред Владата на Република Македонија склучување на спогодба со Република Србија за воведување заеднички царински контроли на граничниот премин Табановце – Прешево што ќе придонесе во процесот на постојани реформи на царинското работење и значително ќе влијае на осовременување на работењето, притоа обезбедувајќи нови поволности за економските оператори кои се корисници на услугите на Царинската управа, стои во соопштението.

Царинската управа на Република Македонија во пресрет на летната сезона ги потсетува превозниците дека со цел да се избегнат подолги задржувања на граничните премини и да се обезбеди брз и безбеден проток на жива стока, стока во свежа состојба, опасни материи и празни камиони на најфреквентните гранични премини Tабановце и Богородица, Царинска управа и Бирото за јавна безбедност при МВР потпишаа Протокол со кој при излез од Република Македонија, е определен слободен коридор за приоритетно движење на овие стоки во периодот од 21:00 до 01:00 часот секој ден.     

Од Царинската управа посочуваат дека при влез во Република Македонија обезбедените услови за приоритетно движење од граничната линија до царинскиот терминал и приоритетно спроведување на царинската постапка на возилата со жива стока, стока во свежа состојба, ADR (опасни материи), како и на празните возила досега дадоа одлични резултати.

Царинската управа, како што стои во соопштението, продолжува со модернизирање на своето работење со цел да обезбди побрзо, полесно и поекономично спроведување на царинските формалности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...