Долговите на Грција кон меѓународните кредитори

Атина, 29 јуни 2015 (МИА) - Грција, која утре може да прогласи банкрот во врска со долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на официјалните кредитори им должи 242,8 милијарди евра (271 милијарди долари), а најголем доверител е Германија, покажуват пресметки на Ројтерс, кои се пренесуваат во Грција.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, сумата вклучува кредити, направени како дел од двете спасувачките програми на европските влади и ММФ по 2010 година, чија номинална вредност засега е 220 милијарди евра. Дел од нив се исплатени. Тука влегуваат и државните обврзници кои ги чува Европската централна банка (ЕЦБ) и националните централни банки на земјите од еврозоната.

Приватни инвеститори држат грчки државни обврзници во вредност од 38,7 милијарди евра по големото отпишување на долгот и кредитниот своп во 2012 година, што ги намали грчките долгови за 107 милијарди евра, а вредноста на долгот на приватниот сектор за околу 75 проценти.
Грчката Влада пушти краткорочни државни обврзници во вредност од 15 милијарди евра, воглавно за грчки банки.

ММФ на Грција и вети вкупно 48,1 милијарди евра, Од тие средства 16,3 милијарди евра требаше да бидат платени до март 2016 година, ако Атина успешно ја спроведе втората економска програма за стабилизација. Земјата треба да го врати долгот до крајот на овој месец, и користи нејасна одредба на ММФ за собирање на четири исплати во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, кои ќе бидат исплатени на крајот на месецот. Постарите долгови кон ММФ се со каматна стапка од 3,5 проценти, што ја надминува камата на спасувачките кредити од еврозоната.

Европската централна банка има околу 18 милијарди евра грчки обврзници, кои најверојатно ќе чинат само дел од номиналната вредност ако земјата ја напушти еврозоната. Рокот за отплата на обврски во вредност од 6,7 милијарди евра истекува во јули и август.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги неодамна изјави дека грчките банки од Банката добиле 118 милијарди евра ликвидни средства, вклучувајќи 89 милијарди преку програмата за итно финансирање-ЕЛА.

Владите од еврозоната и дадоа на Грција 52,9 милијарди евра билатерални кредити во рамките на првата спасувачка програма, договорена во 2010 година, позната како Грчка кредитна линија.

Според втората спасувачка програма, договорена во 2012 година, Атина досега добила 141,8 милијарди евра од спасувачкиот фонд на еврозоната. До крајот на месецот, ако ги исполнеше условите, Грција требаше да добие уште 1,8 милијарди евра.

Обврските кон Германија, која е најголемиот член на еврозоната, изнесуваат 57,23 милијарди евра, кон Франција - 42,98 милијарди, кон Италија - 37,76 милијарди и кон Шпанија - 25,1 милијарди евра. Земјите од еврозоната веќе го продолжија доспевање на кредитите за Грција од 15 на 30 години и ги намалија каматите на некои долгови до 0,5 базични поени над цената на кредитирањето.

Тие исто така воведоа десетгодишен мораториум на грчката исплата на каматата од вториот заем за спас од спасувачкиот фонд на еврозоната. Грција побара од Европејците дополнителни олеснувања за кредитите - чекор што беше поддржана од ММФ. Владите од еврозоната сепак рекоа дека ќе разговараат за ова прашање само ако Атина дополнително го затегне својот буџет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...