Свето Јаневски ја закупил Белградската пивара за 50.000 евра месечно

Македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, претседател на управниот одбор на винаријата „Тиквеш“ ја закупил Белградската индустрија за пиво за 50.000 евра месечно, тврдат малите акционери на оваа компанија, пишува српскиот портал„Телеграф“.

Тие вчера на Собранието негодувале поради тоа и истакнале дека Агенцијата за приватизација направила пропуст, бидејќи ниту еднаш не распишала тендер за продажба на претпријатието. Тие тврдат дека Надзорниот одбор спротивно на процедурата усвоил предлог да се потпише договор со Друштвото за инжњнњринг и услуги „М-6 Еден доел“, кое Јаневски пред неколку денови го основал во Белград.

-Нашата фирма е дадена под закуп на претпријатие кое е регистрирано во Агенцијата за приватизација на 23 јуни, со основачки капитал од 600.000 динари и со еден вработен- вели Славко Поповиќ, еден од претставниците на малите акционери.

-Ден претходно Надзорниот одбор ја разгледуваше нивната понуда. Во договорот е наведено дека новиот работодавач ќе задржи 150 работници, што значи дека останатите 350 работници ќе изгубат работа. Таму пишува и дека Јаневски во Србија ќе вложи 30 милиони евра, но за БИП прецизно е наведено дека ќе дава 50.000 евра за закуп на просториите. Сметаме дека договорот е штетен за претпријатието и за акционерите. Бараме одговорност од сите кои го потпишале договорот, бидејќи не е даден оглас за продажба- истакнува Поповиќ.

Со него се сложува и Војислав Ќоровиќ кој како член на Надзорниот одбор, присуствувал на седницата на која е разгледувана понудата од македонскиот бизнисмен.

-Бев против прифаќањето на договорот за деловно-техничка соработка која ја понуди „Тиквеш“.Продолжува праксата белградската пивара да се докрајчи. Оваа фирма служела за лично богатење поради сите нелегални работи кои се спроведени од претходните раководства, со благослов на Агенцијата за приватизација. Ќе поднесеме претставка до Европскиот суд за човекови права.

Инаку, БИП е на списокот од 43 претпријатија кои биле реконструирани и кои од 1 јуни државата веќе не ги штити од доверителите. Фирмата во моментот е во блокада, а акционерите се плашат дека наскоро ќе биде прогласен стечај и дека нивните акции ќе станат безвредни.

Подемот на Јаневски се совпаѓа со периодот на транзициски промени. Тој во почетокот на деведесетите во Македонија ги донесе глобалните брендови „Кока-кола“ и „Хајнекен’, а го отвори и првиот „Мекдоналдс“ ресторан во Скопје. Како еден од шесте сопственици на „Пивара Скопје“ го создаде брендот „скопско“. Со партнерите од оваа компанија во 2000 година го основал „М-6“ инвестицискиот фонд, а три години подоцна откупува мнозински пакет на акции на винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...