Трговската размена во првите пет месеци околу 4,3 милијарди долари

Скопје, 6 јули 2015 (МИА) -  Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во првите пет месеци од годинава изнесува 1.751.496.000 американски долари, а на увозот 2.526.927.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 69,3 отсто, а трговскиот дефицит 775.432.000 долари.



Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично,
за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари - мај 2015 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ28 (76,9 отсто) и земјите од Западен Балкан (11,5 проценти), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ28 (63,3 отсто) и Останати земји, на друго место неспомнати (12 отсто).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (50,8 отсто од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...