Успехот во претприемништвото резултат на упорност и подготвеност за учење

Скопје, 6 јули 2015 (МИА)  - Работењето на визуелни ефекти и анимација во врвни холивудски филмови од страна на македонска компанија им изгледаше како апсурдна идеја на повеќето луѓе во нашето опкружување кога јас и соосновачот Миливоје Ѓорѓевиќ започнувавме со ФХ3Х. Вербата во себе, упорноста, подготвеноста на учење и љубовта кон работата направија денес тој сон да е реалност.

Ова го изјави денеска  Кристијан Даниловски еден од сопствениците на ФХ3Х во просториите на компанијата по повод промоцијата на учебникот за претприемништво „Кршење на мраз на претприемачки начин“ во кој нивното искуство е презентирано како една од 15-те студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа. 

- Многумина ни кажуваа, дури и не убедуваа дека тоа што сме го наумиле не е можно и дека треба веднаш да се откажеме, да не губиме време. За многумина беше и ерес нашата замисла да успееме на светскиот пазар. Реални проблеми имаше. Тогаш глобалната соработка или аутсорсингот беше во зачеток, самиот тогашен пазар не беше подготвен, технологијата и интернетот во 2004 година кога работевме на „Авијатичарот“ не беше доволно развиена, работевме на снимени ДВД-ја, буквално „летаа“ тие фајлови. Така што проблеми имаше, но ние си останавме на нашата замисла, верувавме во она што го знаеме, што беше уште побитно бевме подготвени да го научиме се она што не го знаеме, а имаше доста и се покажа дека сето тоа е неопходно за да го достигнеме ова што сме денес. Пораката на младите кои ќе учат од овој учебник е „верувајте во себе, а не во тоа што ви го велат другите дека е невозможно, вели Даниловски.

Тој додава дека пресудна за успехот била и целосната поддршка од семејствата. За тоа да се биде дел од учебникот вели е чест и добро е што младите во Македонија ќе можат да учат за претприемништво од македонска компанија, но подвлекува дека нивното искуство треба да го земат како инспирација, но не и да го пресликаат зашто нема рецепти за успех. Успехот на светско рамниште, подвлекува, денес е плод на квалитет, доверба кај партнерите, конкурентност со цени и постојани вложувања во човечките ресурси.

Професорките Македонка Димитрова и Илијана Петровска од Американ колеџ Универзитетот нагласија дека на пишувањето на оваа сторија на случај за ФХ3Х работеле 2,5 години, а пресудна била соработката со сопствениците на компанијата.

- Не е ни малку лесно некој да ви ги отвори вратите и да ви каже што и на кој начин работи, каде успеал, каде не успеал. Тоа е буквално едно соголување и нашите бизнисмени од мала земја како и во повеќе мали земји од Централна и Источна Европа и не сакаат многу да зборуваат за тоа. Затоа сум горда на нашата соработка со ФХ3Х кои не импресионираа со нивните успеси и начинот на нивната работа. Особено сум задоволна што од оваа студија на случај за наша македонска компанија ќе учат и странски студенти, бидејќи ова претставува и прв случај од ваков вид македонска компанија да се најде во едно вакво многу значајно издание, рече Димитрова.

За Петровска од особено значење е соработката на Универзитетот со бизнис-секторот, а оваа студија произлегла од потребата македонските студенти да стекнат образование за претприемништвото од македонски компании, бидејќи студентите потешко може да се идентификуваат со искуствата на компании формирани од Марк Цукенберг или Стив Џобс.

На промоцијата се обрати преку скајп и Марк Сосна, професор по претприемништво на ИЕСТЕ школата за бизнис во Барселона, кој подвлече дека било привилегија да се опишат тие единствени стории, кои се надева дека ќе ги инспирираат идните генерации претприемачи.  

Во учебникот преку 15 успешни приказни на компании од 10-тина европски земји се отсликува бизнис климата во Европа и тешките услови за освојување на светските пазари. Автори на универзитетскиот учебник се Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а издавач е светскиот издавач Пелгрејв Мекмилан.

На сопствениците на ФХ3Х денеска им беше врачен примерок од учебникот, потпишан од светки признатиот претприемач Берт Твалфховен. 

Публикацијата следи откако на иницијатива на  Универзитетот Американ колеџ Скопје,  ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и  Источна Европа. 

ФХ3Х е формирана во 1997 година како компанија за реклами. Денес е признат субјект на светскиот пазар во делот на визулени ефекти и анимација и  соработува со едни од најголемите филмски студија во Холивуд и „Лукас“ и „Техниколорс“. Беа дел од тимот за визуелни ефекти во филмовите „Златен компас“ (2007), и „Ранго“ (2011), кои во оваа категорија, односно во категоријата за најдобар анимиран филм ја понесоа најпосакуваната статуетка - Оскарот. Во моментов ФХ3Х вработува над 200 главно млади лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...