Кумановските земјоделци заинтересирани за поддршката за набвавка на механизација

Куманово, 7 јули 2015 (МИА) - Дваесетина земјоделци од Кумановско пројавиле интерес за набавка на механизација од Програмата за рурален развој на огласот отворен од први јули годинава.

Раководителот на подрачната единица Живка Наумова денеска изјави дека мерката позната меѓу  земјоделците како „50-50“ нуди можност за набавка на механизација за стопанствата чија дејност е производство на житни, фуражни и индустриски култури. За да аплицираат, тие мора да бидат запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

- Постои заинтересираност кај земјоделците кои се обраќаат до Агенцијата. Износот на повратните средства е 50 до 75 отсто и зависи од повеќе фактори меѓу кои дали апликацијата ја поднесува млад земјоделец или жена, каква е локацијата, дали е на повисока надморска височина или во населено место со помал број жители, рече Наумова.

Подрачната единица зголемен интерес за поддршка очекува по завршување на жетвата, но, сепак,  апелира земјоделците да не го чекаат последниот рок за пријавување кој трае 60 дена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...