Трошоците на живот во јуни исти како и во мај

Скопје, 7 јули 2015 (МИА) - Трошоците на живот во јуни се на исто ниво како и во мај, а во споредба со јуни минатата година се зголемени за 0,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според статистичките податоци, цените на мало во јуни се намалени за 0,3 проценти, а во однос на истиот месец минатата година се намалени за 0,6 проценти.  

Пораст на трошоците на живот е забележан кај свежото овошје за 18,5 проценти, сувото овошје за 4 проценти, маслото и маснотиите за 3,1 проценти, другите прехранбени производи за 1,3 проценти, јајцата за 1 процент, како и кај рибата, конзервираната риба и алкохолните пијалаци за 0,2 проценти.

Пораст на индексот на трошоците на животот има и кај болничките услуги за 6,2 проценти, услугите за сместување за 4,3, информатичката опрема за 1,9, течните горива за домаќинствата за 0,4 и големите електрични апарати за 0,3 проценти.

Намалување на трошоците на животот има кај свежиот зеленчук за 8,6, конзервираните месни производи за 0,7, полутрајните колбасичарски производи за 0,6, трајните колбасичарски производи за 0,5 и кај месото за 0,2 проценти.

Намалување е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,4, гасот за домаќинствата за 4,2, цврстите горива за 1,2, обувките за 0,6, средствата за лична хигиена за 0,4, како и мебелот и течните горива и мазива за 0,2 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...