Еврозоната договори трета исплата на Грција од 87 милијарди евра

Брисел, 13 јули 2015 (МИА) - Грција ќе добие нов заем во рамките на третата програма за спас, решија изутринава лидерите на земјите од еврозоната по 17-часовниот состанок во Брисел. 

- До почетокот на преговорите за новата спогодба Атина ќе добие „преоден заем“, изјави претседателот на еврозоната Јерун Дејселблум. 



Како што јави дописникот на МИА од Брисел, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, утринава на прес-конференција објави дека со постигнат договор за трета исплата на средства на Грција, ќе биде избегнат банкрот на земјата и нејзин излез од еврозоната.

Туск нагласи дека еврозоната ќе продолжи со финансиска поддршка на Грција преку Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).

Според информациите од состанокот на шефовите на државите или влади на земјите од Еврозната, третата исплата на помош на Грција во наредните три години ќе изнесува 87 милијарди евра, при што грчкиот Парламент во ток од два дена ќе мора да усвои строги мерки на штедење, по што би требало и националните парламенти на останатите 18 земји од еврозоната да дадат „зелено светло“ на најновиот заем, по 323-те милијарди евра помош што досега Грција ги доби од меѓународните кредитори - Европска комисија, Европска централна банка и Меѓународен монетарен фонд.

- Има стриктни услови што треба да се исполнат и грчкиот Парламент треба да делува за ЕСМ програмата формално да почне. Одлуката е шанса на Грција да се врати на патеката со европските партнери, при што социјалните, економските и политичките консеквенци се избегнати од можниот негативен исход на преговорите. Конструктивно за Грција е што ќе ја врати доверба кај партнерите во Еврозоната. Еврогрупата ќе работи со институциите за преговорите да напредуваат и министрите за финансии најитно ќе дискутираат како да и помогнат на Грција да ги исполни финансиските потреби, објави претседателот на Советот, Доналд Туск.

Условот „реформи во Грција” што најитно треба да ги донесе Парламентот во Атина, не е единственито што Туск, гермнскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер и останатите му го наметнаа на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Имено, со цел да избегне „грекзит“, односно излез на Грција од еврозоната, Ципрас се согласи на формирање на Фонд за доверба во кој Атина ќе инвестира средства, имот и државни компании во висина од 50 милијарди евра. Фондот, со кој ќе раководат Европската унија и еврозоната, ќе се наоѓа во Атина и ќе послужи за враќање на дел од долгот, но и за докапитализација на грчките банки и овозможување на економски раст.

- Од почетокот на овој т.н. грчки случај, Европската комисија повторуваше постојано дека нема да прифатиме никаква форма на „грекзит“ и сега немаме такво нешто, ниту формално, ниту супстенцијално и ние сме задоволни. ЕК водеше грижа за една димензија на проблемот, а тоа е пред се потребата за фискална консолидација и напори од Грција. Не треба да заборавиме дека Грција има потреба од раст и создавање на работни места. Среќен сум што грчкиот предлог од 35 милијарди евра за помош на грчката економија е прифатен, изјави претседателот на Комисијата, Јункер.

Претседателот на Еврогрупата, Дајселблум, беше попрецизен во објаснувањето на тоа што е договорено. Според него, министрите за финансии во рамки на Еврогрупата вчера преговараа 14 часа, а потоа шефовите на држави или влади на посебен Самит потрошија уште 17 часа на преговори за да се псотигне договорот. Според него, довербата била клучно прашање, но и реформите и финансиските потреби.

- Се согласивме на многу прашања и ќе бидат потребни екстра напори за Грција да се врати на патот. Подготвивме извештај со некои прашања и утринава имаме договор на лидерите за сите прашања. Во договорот има неколку прашања што грчкиот Парламент мора да ги усвои за да се врати довербата во процесот и меѓу земјите-членки. Конкретно, се работи за тоа каде грчки предлог треба да се засили и каде да се реформираат пазарите на продукти и на трудот. Финансиските потреби и долгот се дел од договорот, како и тоа да се создаде Фонд на доверба каде ќе се траснферираат средства и тој ќе следи дали преку приватизации и водење на овие средства. парите ќе се користат за справување со долгот и за докапитализација на грчките банки. За проблемот со банките, фондот ќе овозможи исплата на тие докапитализации, потврди Дајселблум.



Влегувајќи во бројки, шефот на Еврогрупата напомена дека од Фондот што ќе се формира, 25 милијарди евра ќе бидат потребни за докапитализација на банките во Грција, додека останатите 50 проценти од долгот, што ќе бидат инвестирани од Владата на Грција ќе се користат за креирање на раст и нови работни места.

- Попладнево ќе имаме средба на Еврогрупата и процесот потоа ќе биде на грчката страна, па деновиве, во вторник и среда, грчкиот Парламент треба да гласа за дел од договорот и да ги преземе првите мерки кои се наведени во договорот. Потоа, откако Парламентот ќе го одработи своето, Еврогрупата ќе одржи конференција в среда, па другите национални парламенти ќе почнат процедури во среда, четврток и петок и откако националните парламенти ќе го одобрат тоа што го имаат на маса, ќе имаме формална одлука на Еврогрупата... за справување со потребите од финансии и одржливост на долгот, а потоа и со комплетирање на долгот, додаде Јерун Дајселблум.

Според претседателот на Еврогрупата, за целата оваа процедура ќе бидат потребни неколку недели, но дека најважно е прво грчкиот Парламент деновиве да усвои некои од најтешките реформи. Дајселблум, исто така потврди дека Фондот за доверба ќе бдие стациониран во Атина, но дека ЕУ и Еврозоната ќе имаат контрола врз истиот.

Претседателот на Ек, Јункер, пак, заврши со тоа дека уште пред грчкиот референдум, тој рекол дека ситуацијата потоа ќе биде полоша и дека се докажало дека е така.

- Но, во овој компромис нема победници и поразени. Грчкиот народ не е потценет, ниту другите Европејци. Ова е типичен европски договор, заклучи Јункер.

Германската канцеларка Ангела Меркел, која ја одигра клучната улога во овие преговори, со оглед на тоа што нејзината земја е најголем доверител на Грција, по успешниот договор со Грција истакна дека, сепак, довербата е загубена, но дека договорот е мирен и најважно е тој да се имплементира.

Според Меркел, во првиот параграф на овој договор се поентира дека довербата треба да се врати и дека Грција по сегашната програма со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што истекува во пролет 2016 година, ќе бара нов фонд.

- Акциите што Грција ќе мора да ги преземе се менување на даночната политика, менување на пензискиот систем, менување на сегашната статистичка канцеларија на Грција и враќање на можност да се работи на база на сегашниот фискален компакт и на т.н. водич што ќе овозможи банките да продолжат со работа. Исто така, до среда се бара и менување на кодот на граѓанска процедура и грчкиот Парламент тоа треба да го усвои до среда. Грчкиот Парламент ќе одлучи, па трите институции и Еврогрупата ќе го потврдат тоа што се договоривме и потоа во Бундестагот ќе имаме вонреден состанок за да се обезбедат потребните гласови, посочи Меркел.

Таа наведе дека есенцијални промени мора да се направат, како на пример со целосна промена на пензискиот систем, реформа на пазарот на продукти, приватизација и менување на пазарот на трудот. Потоа, според Меркел, ќе продолжат разговори за програмата за помош што треба да изнесува 87 милијарди евра за следни три години и како да се постигне одржливост.

- Ова ќе се овозможи со создавување на фонд за приватизација од 50 милијарди евра, кој ќе вклучува и приватизација на докапитализирани банки. Целта на Фондот е да работи под европска супервизија и ќе се користи за да се намали долгот во ЕСМ. Исто така, 2,5 милијарди евра од тој Фонд ќе одат кон директни инвестиции. Сакаме да искористиме најдобри можности за да приватизираме и да добиеме најдобра корист од овие средства, како и поддршка на програмата оти има многу елементи од програмите што видовме во минатото кога требаше да се имплементираат и кога имаше потешкотии, додаде Меркел.

Според германската канцеларка, со овој договор, целта е да се избегне хуманитарна криза во Грција, но и да и се даде поддршка на грчката Влада и да се помогне во оваа хуманитарна криза. Таа рече дека се потребни 25 милијарди евра само за докапитализација на банките и Грција да се врати на растот од крајот на минатата година.

- Откако Парламентот на Грција ќе одлучи, ние ќе почнеме да работиме на програмата на ЕСМ, а министрите за финансии ќе работат во меѓу време на тоа како да го премостиме финансирањето додека започне програмата. Европската централна банка (ЕЦБ) очекува враќање на три милијарди евра од Грција и Еврогрупата ќе работи на ова. Договорот е постигнат и има широка област од поддршка, која ако се имплементира, нуди можност Грција да се врати на патот на економскиот раст, но ќе треба долго време. Грција сака да остане во еврозоната. Имавме тешки преговори и тешки услови се поставени поради тоа што ни овозможуваат да бдиеме убедени дека програамта на ЕСМ ќе може да се покрене, потенцира Ангела Меркел.

За тоа како грчкиот народ ќе го прифати овој догвоор, германската канцеларка рече дека „ситуацијата во Грција е тензична и има интерес грчкиот Парламент да мине низ потребната процедура“. - Немам причина да имам сомнежи за времето и планот, заемите што се споменати се подготвени и мислам дека довербата може да се поврати, рече германската кенцеларка.

Според Меркел, Фондот за доверба што ќе се постави во меѓувреме, нема временска рамка и дека 50-те милијарди евра ќе се генерираат со време, со цел да се користат за долгот кон ЕСМ и ќе бидат праќани во одреден временски период, а со најголема цел за грчките банки да се рекапитализираат.

- Грчкиот народ има јасна волја да остане член на евросемејството и сите овие различни процеси и пристапи водат кон тоа ова да стане кристално јансо и во исто време има мнозинство во грчкиот Парламент што не постоеше во минатото за реформите да се изгласаат. Покрај Фондот за доверба што ќе помогне во приватизација на средствата, исто е важно да се засили Владата во Грција со модернизација на администрацијата, засилување на целата структура, градење на капацитетите и до 20 јули мора да има дискусија во институциите за ова, додаде Меркел.

Таа рече и дека Португалија и Шпанија, се согласиле дека најновата исплата на Грција нема да се разликува од нивните програми, додека францускиот претседател Франсоа Оланд, порача дека овој договор што е постигнат по 17-часовни преговори е со цел „да се избегне грчки излез од Еврозоната”. - На крајот, победи Европа, порача Оланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...