Чешката Влада ќе ги намалува платите на менаџерите во државните фирми

Прага, 26 јули 2015 (МИА) - Чешкото Министерство за финансии најави дека со менување на правилата за бонуси и надоместоци ќе се обиде да ги „скроти“ платите на менаџерите на државните и полудржавните компании, јави дописникот на МИА од Прага.
 
Според планираните измени, повеќе нема да се случува менаџерите кои ја напуштаат фирмата да добиваат огромни суми како надоместок, а се планира и менување на структурата на плаќање.  
 
Претходно, Буџетот беше оптеретен кога поранешниот менаџмент на аеродромот во Прага, си исплатил речиси осум милиони евра за приватизација на компанијата која подоцна се одложи.
 
- Ги заоструваме условите при завршувањето на функцијата и пред се структурата на целокупната исплата на надоместоци, изјави за весникот „Право“ шефот на државната каса, министерот за финансии Андреј Бабиш. 
 
Според него, новина ќе биде клаузулата за конкуренција или отстапнина во должина од шест месеци. 
 
Доколку менаџерот биде разрешен нема право на никаква исплата. Од досегашните информации е познато дека постојат различни исплати во различни ресори. Некаде се исплаќаат дванаесет месечни исплати врз основа на клаузулата за конкуренција и двојна или шестократна отстапнина во висина на просечниот месечен приход. Годишниот приход на најдобро платените директори на државни и полудржавни фирми се движи меѓу 100.000 и 200.000 евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...