Лазов: Штетите од град врз праските ќе остават последици и за догодина

Росоман, 26 јули 2015 (МИА) - Штетите од врнежите од град кои годинава три пати го зафатија росоманско, ќе остават последици врз родот и наредната година, истакна денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.

Потсетувајќи на вкупната проценета штета само од последните градобијни врнежи која изнесува приближно еден милион евра, градоначалникот изрази жалење што последиците ќе се почувствуваат и следната сезона во најголемиот регион за производство на праски во Македонија.

-Прасковите насади кои беа погодени од градот, за жал ќе имаат послаб и понеквалитетен род. Овоштарите од подрачјата погодени од невремето исто така ќе имаат проблем да остават родни и здрави гранки за следната реколта, нагласи Лазов.

Тој додаде дека сепак станува збор за нешто што не зависи од луѓето ами од природата и дека земјоделството е фабрика под отворено небо. Изрази надеж дека во иднина градот нема да зема данок од плантажите со праски, во кои се произведува еден процент од светското производство на овој вид на овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...