Саем за домашни, традиционални и еколошки производи

Крушево, 27 јули 2015 (МИА) - Асоцијацијата за економско истражување, застапување и донесување економски политики Finance Think Скопје во партнерство со Општина Крушево, го организираше саемот на домашни, традиционални и еколошки производи од Крушево „Домашно е, од Крушево е...“. 

На саемот беа презентирани и дегустирани домашни, еколошки и традиционални производи од Крушево: домашни тестенини, еколошки џемови и слатка, сирупи и природни чаеви. Беше промовирано видео за економско јакнење на жените од Крушево и веб платформата www.odkrusevo.mk. Љубителите на кулинарството имаа можност да ги испробаат своите вештини во подготовка на крушевска пита, а останатите љубители на традиционалните вредности уживаа во манифестацијата Крушево Етно град.

Саемот го отвори Валери Колби, одговорна на Секторот за односи со јавност од Амбасадата на САД во Македонија. 

Манифестацијата е завршен настан од едногодишниот проект „Зајакнување на жените во Крушево преку мини здружување за продажба и промоција на традиционални производи“ поддржан од Амбасадата на САД во Скопје. Целта е да се подобри животниот стандард и да се намали сиромаштијата на жените во Крушево. Проектот е пилот - модел на социјално претприемништво. Во проектот беа вклучени 25 невработени жени или жени со ниски примања. Активностите вклучуваа: јакнење на капацитетите преку обуки за промоција, пакување и продажба; брендирање на производите и обезбедување амбалажа; здружување; воспоставување канали за продажба и промоција на производите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...