Во Струга вработени 110 десет лица преку проектот „Македонија вработува“

Струга, 27 јули 2015 (МИА) – Во Струга 110 лица се вработени, а за 20 се чека административно процесирање на барањата преку владиниот проект „Македонија вработува“, информира денеска раководителот на Центарот за вработување Џевид Зиба.

Резултатите, според него, се задоволителни, а во наредните два –три дена очекува одобрување и на доставените барања.

- Потребно е по доставувањето на барањата за врбаотување од фирмата да поминат законски пет дена за да се вработи лицето. Од фирмите бараме потврда за поминати плати и подмирени обврски во Управата за јавни приходи за што е потребно одреднео време, појасни Зиба на промоцијата на проектот „Македонија вработува“ во Струга.

Ги повика работодавачите да го посетат штандот на Агенцијата за вработување и да се информираат за содржината и понудата на проектот.

- Оние што не се во можност да го посетат штандот на Агенцијата потребните информации можат да ги добијат секој ден во Центарот, рече Зиба.

Преку владиниот проект „Македонија вработува“ досега во Македонија се вработени 3.850 лица. Со проектот се вработуваат невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории граѓани, примателите на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, деца без родители и родителска грижа и родители на децата со пречки во развојот. Целта е намалување на невработеноста во државата, креирање нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...