Седница на Комисијата за труд и социјална политика

Скопје, 30 јули 2015 (МИА) - Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ги поддржа Предлог-законите за изменување и дополнување на Законите за безбедност и здравје при работа,  минимална плата, работните односи, вработувањето и осигурување во случај на невработеност и пензиското и инвалидското осигурување, сите по скратена постапка во второ читање.

Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се укинуваат одредбите од Законот со кој се уредува задолжително пензиско и инвалидско осигурување на лица кои оствариле приходи по основ на извршена физичка или интелектуална работа од договор за дело, авторски договор или друг вид договор.

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими истакна дека причината за измените се одличните резултати на проектот „Македонија вработува“.

- Постигнати  се одлични резултати со проектот, а државата предвиде олеснување во делот на плаќање придонеси за задолжително осигурување според категории. Сметаме дека со постојниот закон нема да има потреба од досегашните измени. Оној кој што сака да пријави работник ќе добие олеснување од државата со цел да им помогнеме на компаниите кои остваруваат приходи за да го регистрираат работникот како вработено лице, истакна Ибрахими.

Според пратеничката Благородна Бојаџиева хонораците на почетокот на 2015 година добија можност да бидат социјално здравствено и пензиско осигурани за, како што рече, да бидат на исто скалило со редовно вработените лица. Но, со измените, додаде Бојаџиева, хонорарците нема да бидат обесправени, напротив, ќе можат да ги користат двете програми на Владата на Република Македонија кои во приватниот и јавниот сектор нудат поволности при вработување.

Во однос на измените на Законот за работни односи, заменик министерот Имрахими појасни дека тие, меѓу другото, се однесуваат на намалување на казните кои досега изнесувале 6.000 евра во денарска противредност за замена со 30 проценти од одмерената глоба за правното лице, а кај казните од 4.000 до 5.000 евра се заменува со 700 до 1.000 евра.

Поддршка од матичната Комисија добија и измените на Законот за безбедност и здравје при работа со кои се предвидува и утврдување прекршок од страна на инспектор на труд кој на работодавачот ќе му понуди прекршочен платен налог на износ согласно Законот за прекршоците. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка. Ако работодавачот го повтори прекршокот од овој закон, во рок од една година од денот на сторувањето на прекршокот, инспекторот со решение ќе забрани работа кај работодавачот во работната просторија, односно работниот простор во траење од 30 дена и ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка, согласно со закон.

Според Ибрахими со останатите измени од овој Законот се предвидува и намалување на казните при што ќе им се помогне на компаниите посебно на помалите кои имаат промет до 500.000 денари како и големите компании кои првпат прават прекршок.

- Нема да има толеранција кон компаниите кои прават прекршок втор пат. Измените се однесуваат на висината на прекршоците според големината на компаниите и според прв, втор или трет последователен прекршок на истата компанија, појасни Ибрахими.

Пратеничката Соња Талеска ги поддржа измените посебно во намалувањето на казните кои според нејзе ќе им помогнат на помалите компании со по еден или двајца вработени.

Со измените во Законот за минимална плата, Ибрахими потенцира дека ќе се подобрат правата на работниците посебно во делот на исплатата на минимална плата при што се предвидени казни од 6.000 евра за работодавачите кои нема да го почитуваат Законот. 

Пратеничката Сузана Секуловска ги поддржа измените на Законот за минимална плата и упати апел до работниците, кои откако ќе ја добијат минималната плата на трансакциска сметка им враќаат дел на работодавачите да ги пријават таквите случаи. Според Секуловска работниците се соочуваат и со несоодветно работно време во однос на минималната плата и побара поголема контрола од инспекторите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...