Груевски: Компаниите од ТИРЗ реализираат третина од целокупниот извоз

Скопје, 31 јули 2015 (МИА) - Компаниите што се стационирани во технолошко-индустриските развојни зони произведуваат и извезуваат стока и добра чија вредност е веќе околу една третина од целокупниот извоз на Република Македонија, истакна денеска премиерот Никола Груевски, кој одговараше на пратеничко прашање во Собранието на Република Македонија.

За според, рече тој, пред само седум, осум години на сите овие места каде што се наоѓаат зоните имаше главно полјани без ниту една изградена фабрика. 

Инвестирањето во Македонија е една од стратешките цели на Владата, која вели премиерот, е силно посветена со големи човечки ресурси.

- Владата прави максимални обиди да охрабри колку што е можно повеќе од домашните и од странските инвеститори да инвестираат во РМ и да отворат нови работни места. За тоа е ангажиран голем и сериозен тим на стручни лица. Како што знаете, Владата освен 15 министерства има плус пет министри задолжени за привлекување на инвеститори, а и шестиот министер без ресор Чавков покрај политичките односи со Турција и други задачи коишто ги има исто така е силно фокусиран на привлекување странски инвестиции, рече Груевски посочувајќи дека и други лица исто така се ангажирани за оваа цел. 

Секој од овие лица, додаде Груевски, има своја листа на компании со коишто директно комуницира на дневна основа и дозира со потребните информации, ги презентира сите поволности што ги нуди државата, одговара на нивни прашања.

- Тие често поставуваат многу прашања што е сосема нормално, и се труди на секој начин да ги привлече во Македонија. Ги носи во Македонија, обезбедува нивен престој во смисла  на разгледување на локации, средба со институции, преговори, разговори, така што работите се одвиваат со најсилно можно темпо. На тој начин се успеа да се донесат многу такви инвеститори како во зоните, така и надвор од зоните. На пример, речиси една третина од извозот веќе припаѓа на компаниите што се во зоните, но крупни компании дојдоа од странство и надвор од зоните како што е компанијата „Дрекслер маер“ која вработува огромен број луѓе и дека нивните планови одат уште нагоре за вработување. Или пак „Кронберг и Шуберт“ во Битола чијшто таргет е 2.500 вработувања. Сега се приближно околу 2.000. Тие не исклучуваат можност за нова инвестиција во РМ откако ќе ги пополнат сопствените капацитети, рече премиерот. 

Холандската компанија „Антура“ во Кочани, посочи Груевски, оди кон пополнување на бројот на вработени којшто го има предвидено, околу 300 вработувања.

- Планот на компанијата „Антура беше 300 вработувања, 100 имаше во моментот кога беше промоцијата. Дологорочно планираат да изградат и дополнителен капацитет откако овој ќе биде пополнет. Тие се доста задоволни од условите што ги имаат тука, бизнисот им оди добро и покрај тоа што вработуваат се и до лична препорака за други инвеститори што доаѓаат во Македонија, изјави премиерот. 

Прогресираат и работите со втората компанија во Кочани. - Пред околу една година кога јас ги посетив имаа околу 400 веќе вработени лица во браунфилд инвестицијата. Тој број исто така е во постојан пораст и како што знаете тие ме информираа дека наскоро планираат да започнат градби на свои капацитети во зоната Виница-Кочани. Тоа ќе значи многу поголем број вработени, веројатно 2.500 или повеќе, што ќе биде сериозен импулс за населените места и општините во тој регион како што се Виница, Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и други општини и населени места, рече Груевски. 

Во меѓувреме, додаде тој, Владата инвестира во таа зона. - Се прават потребните подготовки во смисла на градба на потребната инфраструктура и паралелно соодветните задолжени членови на тимот за привлекување инвестиции работат со нив, рече премиерот. 

Во однос на гасификацијата, во моментов, потсети тој, се гради гасоводот помеѓу Клечовце, Кумановско и Штип односно некаде осум километри по Штип.

- Гасоводот се гради со полна пареа. Планот е да биде завршен јуни следната година. И јас се надевам дека нема да има некој застој и дека тоа  успешно ќе се заврши. Но, веќе Владата работи и на реализација на втората фаза. Ако ова можеме да го кажеме прва фаза, втората е фазата која, се надеваме, правиме максимални напори и подготовки да започне некаде околу новата година, а тоа е продолжување на гасоводот од Штип до Неготино, од Неготино до Прилеп и од Прилеп до Битола, како и од Скопје до Тетово и од Тетово до Гостивар. Заедно со министерот Ставрески и со другите правиме максимални подготовки тоа да започне, физичката градба да започне некаде околу нова година и во наредните година до година и пол да биде целосно завршена, рече премиерот Груевски, одговарајќи на пратеничко прашање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...