Судот ги деблокира сметките на Макпетрол

Скопје, 20 август 2015 (МИА) - Основниот суд Скопје 1 - Скопје денеска донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката донесена од судија во опретходна постапка за замрзнување на сметките на Макпетрол АД Скопје и Оилко КДА Скопје. 



- Основен суд Скопје 1 - Скопје во врска со предметот кој се однесува на замрзнување на банкарските трансакции на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје ја информира јавноста дека кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка.

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за следење на платен промет и трансакции на сметки на правното лице Макпетрол АД и на правното лице ОИЛКО КДА Скопје, поднесен од 18.08.2015 година го уважи предлогот односно со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица Макпетрол АД Скопје и ОИЛКО КДА Скопје, се наведува во соопштението од Судот.

МВР минатиот четврток поднесе кривична пријава против 21 лице кои се сомничат за незаконско прелевање на капитал од акционерското друштво Макпетрол во Командитното друштво со акции Оилко. Осомничени се првиот човек на Макпетрол, Андреја Јосифовски, десетте членови на Управниот и осумте членови на Надзорниот одбор на компанијата, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и Комисијата за хартии од вредност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...