Собранието ќе ја почнe расправата за ребалансот на Буџетот

Скопје, 20 август 2015 (МИА) - Собранието денеска, по речиси тринеделна летна пауза, во рамки на 62. седница ја констатира потребата за донесување на измени и дополнување на закони по скратена постапка од повеќе области поради усогласување со веќе донесениот Закон за прекршоци. По редовната едночасовна пауза во 15:30 часот ќе почне расправата за Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година, второ читање. 

Поради усогласување со Законот за прекршоци, измени и дополнувања по скратена постапка ќе претрпат законите за лизинг, за ревизија, за чек, за меница, за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, за сметководство за буџетите и буџетските корисници, за инвестициски фондови, за задолжница и за задолжително осигурување во сообраќајот. 

Од областа на образованието, поради усогласување исто така со Законот за преклршоци се менуваат неколку закони и тоа  Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилоност, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, на законите за основно, средно и високо образование, за стручно образование и обука и други. 

Со овој закон ќе се усогласуваат и законите за шуми, за ловство, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, управување со отпад, за планински патеки, за заштита на природата, за водите, како и повеќе закони од областа на трудот и социјалната политика, правдата, внатрешни работи и други.

На дневен ред на оваа седница се и дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, двата во второ читање, dополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...