Утре оглас за паричен надомест за средношколци во социјален ризик

На околу 6.500 семејства кои се приматели на социјална парична помош им стојат на располагање 78.000.000 денари средства издвоени за условен паричен надоместок за учениците од средно образование.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната прес-конференција информира дека условите што треба да ги исполнуваат семејствата, односно децата кои се во рамките на средното образование, да се редовни ученици и да аплицираат на повикот кој што ќе биде објавен утре и кој што ќе трае до крајот на септември.

- Ги повикувам сите приматели на социјална парична помош да аплицираат за оваа дополнителна финансиска помош и да остварат дополнителни 12.000 денари. Исто така, би сакал да напоменам дека за петте учебни години колку што се реализира овој проект до сега се искористени 5.800.000. евра за вкупно 41.420 деца кои што го имаат остварено овој надоместок. Средствата ги обезбедуваме како дел од проектот од Светската банка, појасни Спасов.

Проектот се реализира шеста година и според министерот претставува дополнителна финансиска помош на примателите на социјална парична помош, односно, на најранливата категорија граѓани во Република Македонија, дополнителен финансиски стимул за нивните деца да посетуваат редовна настава во рамките на средното образование. 

Станува збор за финансиска парична помош од 12.000 денари за секое семејство кое има дете кое што е ученик во средно образование и кое редовно ја посетува наставата,односно, над 85 отсто од сите часови во текот на годината.

Финансиската помош се остварува квартално, односно, секој квартал се добива по една четвртина од овие финансиски средства.

Спасов во одговор на новинарско прашање истакна дека во рамките на самиот проект е дизајнира и посебна мерка за вработување, за субвенционирано вработување на млади лица коишто во минатото биле корисници на Условен паричен надоместок со значителна финансиска поддршка за компаниите коишто ќе вработат вакво лице. Односно од 17.000, па се до 23.000 денари месечно во период до шест месеци за ваквите компании и оваа мерка се планира да се реализира секоја година и на тој начин да се влијае тие лица што остварувале условен паричен надоместок побрзо да стигнат до своето работно место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...