Скопје, 27 септември 2015 (МИА) - На 5 октомври годинава ќе биде исплатена септемвриската пензија која е зголемена за 621 денар за секој пензионер во Република Македонија. Со ова зголемување бенефит ќе имаат 300 илјади пензионери во државата.
Зголемувањето на пензиите е целосно буџетирано за 2016 година. Средствата за ова зголемување се обезбедени и ќе бидат на време исплатени.
Зголемувањето на пензиите ќе продолжи и следната година.
- Исто така, во октомври 2016 година ќе бидат исплатени по 650 денари зголемени пензии за сите пензионери во Република Македонија. Средствата кои се потребни за тоа се обезбедени во буџетот, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.