Почнува „Агрофуд 2015“

Скопје, 1 октомври 2015 (МИА) - На Скопски саем денеска почнува меѓународниот саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“. Манифестацијата, која се организира 65-та година по ред, акцент става на македонската традиционална зимница и на органските производи кои ќе можат да се купат по промотивни цени.


„Агрофуд 2015“ ќе трае до недела и на него, како што најавија организаторите, ќе се претстават компании од конзервната индустрија, земјоделската механизација, индустријата за амбалажирање и пакување, како и од областа на производство на опрема за прехранбена индустрија.

Презентации, промоции, дегустации и интерактивни излагања, се само дел од програмата. Посетителите ќе имаат можност да ја слушнат приказната за дивото оригано, да се информираат за примената на органските микробиолошки ѓубрива од калифорниски црв, да се запознаат со првата задруга на потрошувачи на органска храна, да научат за безглутенската исхрана,... Ќе ги видат и т.н. идни производи кои допрва треба да стигнат на пазарот - различни видови брашна, зимни лубеници, гроздов мед од органско грозје,...

Покрај Денови на дегустација и продажба на органски производи и Денови на дегустација и продажба на македонска зимница, предвидени се и дегустација и продажба на млечни и сувомесни производи.

Во рамки на „Агрофуд“ ќе се одржат и Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) кое е партнер на Саемот. МЗШВ ќе ги претстави ИПАРД програмите и Платежната агенција.

Соработник на саемската манифестација е и Сојузот на стопанските комори кој уште првиот ден ќе организира Македонско-унгарски бизнис средби. 

Унгарија со десетина фирми, годинава е учесник и партнер на „Агрофуд“. Унгарските компании се заинтересирани за соработка, а главно бараат производители на вино, дистрибутери во синџирот на супермаркетите и на алкохолните пијалаци, сточари, фармери и земјоделци со помали површини, како и партнери за реализирање увоз на унгарски производи.

„Агрофуд“ ќе биде отворен од 11 до 19 часот, а влезот е бесплатен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...