Средба на надлежните за регулирање и надзор на финансискиот систем

Скопје, 5 октомври 2015 (МИА) - Во просториите на Народната банка денеска се одржа редовна средба помеѓу високите претставници од институциите кои се надлежни за регулирање и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем на Република Македонија - Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), Комисијата за хартии од вредност и Народната банка.

Во соопштението од НБРМ се наведува дека на состанокот станува збор за состојбите и главните предизвици во секој од сегментите од финансискиот систем. Притоа, се заклучи дека секој од сегментите е стабилен и непречено функционира и со тоа придонесува за одржување на севкупната финансиска стабилност на Република Македонија.

Беше разговарано и за постигнатиот напредок во унапредувањето на регулативата и стандардите за работење на финансиските институции, во согласност со меѓународните најдобри практики и директивите на Европската Унија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...