Над 300 трговци ќе изложат производи на кавадаречкиот панаѓур

Кавадарци, 6 октомври 2015 (МИА) - Над 300 трговци ќе изложат производи на кавадаречкиот панаѓур кој во петок, сабота и недела ќе се одржи во Кавадарци. Како што информираа денеска од кавадаречката Локална самоуправа, традиционално, останува истата локација на која секоја година трговците ги поставуваат своите тезги.

-Стопанско туристичката и културна манифестација ќе се случува на булеварот „Никола Минчев“, поранешен „Едвард Кардељ“, на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со „Северен Булевар“, соопштија од Службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.

Од Локалната самоуправа нагласија дека жителите на булеварот „Никола Минчев“ до четврток, 8 октоври, најдоцна до 12:00 часот, треба да ги отстранат своите автомобили од местото каде што ќе се постават панаѓурските тезги.

-Ги информираме граѓаните дека булеварот „Никола Минчев“ како и булеварот „Македонија“ од спојот со улицата „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај во деновите на одржувањето на есенскиот панаѓур, соопштија од Службата за информирање.

Оттаму кажаа дека предвидено е поставување на санитарен јазол и вода за пиење за корисниците на продажниот простор, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти, кои и покрај желбата на организаторот, секоја година страдаат од несовесните или помалку внимателните посетители на панаѓурот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...