Заврши изградбата на патот до еврејските гробишта во Штип

Штип, 6 октомври 2015 (МИА) - Штипскиот градоначалник Илчо Захриев и претставници на Еврејската заедница и на Меморијалниот центар на Холокаустот денеска ги посетија еврејските гробишта, каде што заврши асфалтирањето на пристапниот пат.

Градоначалникот Захариев оцени дека со изградбата на патот, општината го исполнила ветеното од потпишаниот меморандум.

- Евреите се значаен дел од нашата штипска историја. Знаеме дека тие дале белег на нашиот град, а ја знаеме и нивната трагична судбина. Мислам дека со овој чин Општина Штип се оддолжува на овие луѓе. Со заштитата на гробиштата оставаме траен белег дека тие постоеле на овие простори, изјави Захариев.

Извршниот директор на Меморијалниот центар на Холокаустот, Горан Садикарио најави дека во текот на следниот период ќе се изградат и две влезни капии на еврејските гробишта.

- Ќе се изгради и ограда и ќе се поплочи платото, а ќе се изградат и патеки до надгробните споменици. Со текот на времето ќе се изгради и една спомен плоча за штипските Евреи, рече Садикарио.

Пепо Леви, претставник од Еврејската заедница изрази благодарност што еврејските гробишта добиле пристап со изградата на патот, а очекува истиот пример да се случи и во Битола.

Владиниот претставник на Фондот за Холокаустот, Мане Јаковлески истакна дека со изградбата на патот, градот Штип покажал дека е град на толеранцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...