Собранието расправа за измените на Законот за минимална плата поднесени од опозицијата

Скопје, 8 октомври 2015 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска во рамки на претпладневниот дел од 67. седница ја продолжи расправата по Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, поднесен од опозицијата.

Со законот се предлага висината на минималната плата да биде 11 илјади денари во нето износ и таа да важи за сите сектори, како и да се формира фонд за поддршка на стандардот на живот на вработените.

Пратениците од опозицијата оценија дека сегашното законско решение за минимална плата е селективно и оти со него не се задоволуваат основните потреби на работниците. Парламентарното мнозинство, пак, смета дека се работи за популистичко решение и неиздржан предлог.

Орце Панчев од СДСМ посочи дека со законското решение што го предлагаат ќе им се помогне на вработените пред се во текстилната и кожарската индустрија, додека неговиот сопартиец Марјан Даскаловски оцени дека минималната плата во Македонија е најниска во регионот.  

Според Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, со законот се поткопува договорот за минимална плата постигнат меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и на Организацијата на работодавачи на Македонија. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ укажаа дека не може да се донесе зголемување на минималната плата без консултација со работодавачите и синдикатите и оти доколку законот биде донесен ќе се затворат голем број приватни компании, а без работа ќе останат околу 30 илјади работници.

Со расправа по оваа точка од дневниот ред, Собранието ќе ја продолжи работата по редовната едночасовна пауза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...