Над милион евра за Крива Паланка со Програмата за рурален развој

Крива Паланка, 8 октомври 2015 (МИА) – Владата одобри над милион евра за Општина Крива Паланка преку Програмата за поддршка на руралниот развој  за 2015 година на  Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски при денешната посета на Крива Паланка.

По повод 8 Октомври – Денот на ослободување на Крива Паланка, Пешевски се обрати на свечената седница во Општината,  при што нагласи дека владината поддршка за оваа општина континуирано се остварува особено преку шесте проекти кои ќе бидат реализирани во претстојниот период и ќе придонесат за поголем економски просперитет на општината.

- Одобрените проекти ќе придонесат за подобрување на економијата во општината, за подобрување на животот на граѓаните во руралните и приградските средини. Одобрени се три проекти со кои ќе бидат изградени вкупно 7,2 километри канализациски системи во село Мождивњак, село Дурачка Река и село Длабочица и ќе бидат изградени локални патишта во должина од околу пет километри во селата Жидилово, Варовиште и село Кркља, рече Пешевски.

Како човек од овој крај, нагласи, горд сум што ќе можеме да посведочиме за се поголемиот развој на општината во изминатите години.

- Ни претстои уште многу работа што заедно како Влада и локална самоуправа треба да ја завршиме, уште многу проекти за работа кои ќе обезбедат развој на општината и поквалитетен, но и европски живот на граѓаните. Тоа ќе се постигне преку добрата заедничка соработка на централната и локалната власт што и досега покажа одлични резултати,  наведе Пешевски.

Пешевски им го честиташе Денот на ослободување на кривопаланчани, истакнувајќи дека овој ден е симбол на слободата, на пркосот на нашиот народ и потсетник на борбата против фашизмот како најголемо зло на 20. век.

- Овој празник нека биде потсетник на минатото, на маката која нашиот народ ја истрпел за да дојде до она што природно му следува – слободата, независноста и правото на самоопределување. Овој ден е наша водилка за иднината, ни го покажува правецот кој треба да го следиме. Треба да ја сакаме нашата родна грутка, да ја негуваме и со заеднички сили да ја направиме поубаво место за живеење, рече Пешевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...