Економист - Лондон

Доминантен и опасен

Во момент кога САД ја губат економската превласт, видлива е и неодржливоста на доминацијата на доларот

Ако хегемоните се добри по нешто, тогаш е тоа дека обезбедуваат стабилност на системите во кои доминираат. Во текот на 70-те години на минатиот век доларот беше суперсила во финансискиот и монетарниот систем. И покрај приказните за подем на јуанот, приматот на американската валута е неспорен.



Како средство за плаќање и оценување на вредноста, но и како резервна актива, никој не може да се споредува со него. Но, „владеењето“ на доларот всушност има кревка основа и системот кој тој го држи е нестабилен. Преодот кон еден друг посигурен ред ќе биде ѓаволски тежок.

Кога треба да се преземе одговорноста

Во текот на неколку децении економската моќ на САД ги легитимираше претензиите на доларот како врховен владетел. Но, се отвара јаз меѓу економското влијание на САД и нејзината финансиска моќ. На САД паѓа дел од 23 проценти од глобалниот БДП и 12 проценти од трговијата со стоки.

Околу 60 проценти од светскиот БДП и поголем дел од населението на Земјата, всушност живеат во де факто доларската зона во која соодветните национални валути се поврзани со американската или се движат во определен сооднос со него.

Делот на американските фирми во меѓународните корпоративни инвестиции опадна од 39 проценти во 1999 фодина на 24 проценти денес. Всушност, Волстрит го определува ритамот на пазарите во глобален обем повеќе од кога и да било претходно.

Американските фондови раководат со 55 проценти од активите дадени на управување - тоа е пораст во однос на 44-те проценти пред една деценија.

Се поголемиот расцеп меѓу американската економска и финансиска сила се создадоа проблеми за други држави во доларската зона и надвор од неа. Тоа е така затоа што минусите од доминацијата на доларот започнуваат да натежнуваат повеќе од плусовите.

Прво, економијата мора да поднесе бурен развој. Во последниве месеци перспективата дури и за мало покачување на каматните проценти во САД исшмукува капитал од новосоздадените пазарни економии, удирајќи врз курост на валутите и акциите.

Одлуките на американската Управа на федералните резерви (Фед) ги засегаат долговите и депозитите во долари зад границата на вредност од околу девет трилиони долари. Затоа што некои држави ја врзуваат својата валута кон доларот нивните централни банки треба да реагираат на чекорите на Фед.

Странци се сопственици на 20 до 50 проценти од државните обврзници во локални валути во држави како Индонезија, Малезија, Мексико, Јужна Африка и Турција. Кога каматните стапки во САД одат нагоре, голема е веројатноста дека тие инвеститори ќе ги избегнуваат новосоздадените пазарни економии.

До еден момент штетите од одливот на капитал беа ограничувани од посилната побарувачка, вклучително за увоз, што ја натера Фед да ги покачи каматните стапки. Но, во последнава деценија уделот на САД во глобалниот увоз на стоки се намали од 16 на 13 проценти. САД се најголемиот извозен пазар за 32 држави во однос на 44 во 1994 година. Кај Кина се забележува пораст од едвај два до 43 проценти. Еден систем во кој Фед распределува и светот се тресе, е нестабилен.

Вториото проблем е недостигот од одбрана од странските доларски системи при избувнување на криза. Во 2008 и 2009 Фед излезе на помош безволно, дејствувајќи како последен можен кредитор и обезбедувајќи еден трилион долари ликвидност за странски приватни и централни банки. Сумите при идни кризи ќе бидат многу повисоки.

Светот на доларот зад граница е близу два пати поголем во споредба со 2007 година. До 20-те години од овој век, тој може да се изедначи по обем со американскиот банкарски сектор. Од 2008 и 2009 година Конгресот на САД стана чувар за масовнто кредитирање од Фед.

Кога ќе дојде следната криза, плановите на американската централна банка да емитува долги свап линии можат од другата страна да наидат на безволност, и кај регулаторите и кај Конгресот. Колку долго ќе им треба на земјите да ги ослободат своите финансиски системи од фракционерската и лошо функционална американска политика?

Тоа прашање е засилено од едно трето вознемирување. САД се повеќе го користат своето финансиско влијание како политички инструмент. Политичари и обвинители го употребуваат доларскиот платежен систем за да ја поддржат својата контрола врз не само нестабилните банкари и нечесните фудбалски раководители, туку и врз „блудни режими“ како Русија и Иран. Ривалите на САД се спротивставуваат на таа надворешнополитичка зависност од Вашингтон.

Американците може да се чудат зошто тоа има значење за нив. Тие не принудуваат ниту една држава да ги врзуваат своите валути кон доларот,, ниту пак насочуваат странски фирми да го емитуваат долгот во долари. Всушност, извонредно големата ролја на доларот ги засега Американците. Заедно со „претераната привилегија“ да ја искористуваат светската резервна валута, Американците ќе треба да плаќаат и цена.

Ако Фед не дејствува како последна кредитна инстанца при криза со недостиг на доларска ликвидност, последичниот колапс во странство ќе има рикошет ефект и врз американската економија. И дури и без криза, доминацијата на доларот ќе ги исправи американските политичари пред дилема.

Ако странците продолжат да трупаат резерви, тие ќе ја воспостават доминацијата на пазарот на американски државни обврзници до 30-те години од овој век. За да го задоволи се поголемото барање на странците на сигурни активи, деноминирани во долари, владата на САД може да емитира повеќе обврзници, на тој начин зголемувајќи си ги долговите.

Или пак е можно да остави странците да купуваат други хартии од вредност. Тоа може да надуе балони со цените на активите, онака како што се случи со бумот на хипотеките во првата деценија од овој век.

Прашањето е во потенцијалните наследници

Во идеален случај, САД ќе го поделат бремето со други валути. Па дури и хегемонијата на доларот да е нестабилна, нема соодветни потенцијални наследнции на американската валута. Штафетата на финансиската суперсила и претходно била предавана, кога САД ја истуркаа Велика Британија во периодот 1920-1945 година. Иако двете земји беа сојузници, резултатот на предавањето помина организирано. И САД дојдоа со подготвени атрибути: динамична економија, и слично на Велика Британија, политичка сплотеност и владеење на законите.

Споредете го тоа со денешните претенденти за резервна валута. Еврото е валута чие постоење не може да биде прифатено како загарантирано. Тие сомнежи сосема ќе исчезнат дури кога државите од еврогрупата ќе се договорат за целосен банкарски сојуз и соодветно емитување на обврзници.

Што се однесува до јуанот, таму кинеските власти создадоа паричен еквивалент на автопатот со осум ленти - широка мрежа од монетарни вап зделки со странски централни банки, но по неа не се движи никој.

Поверојатно е поделба на системот при што други ќе можат да решат да се апстрахираат од одлуките на Фед и да воведат контрола на капиталот. Доларот нема конкуренција. Но, системот кој се заснова на него почнува да пука.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...